4. Ефекти од организационото и финансиското преструктуирање на претпријатијата со општествен капитал и правата на вработените Приватизацијата беше сложен процес на промени на сопственоста, со многу негативни појави: злоупотреби и манипулирање со акционерските права, ограничен пристап до социјалните услуги, слаба економска продуктивност, намалување на стандардот и квалитетот на живеење на населението. Личниот интерес стана доминантен во однос на општествениот, продажба на акциите со притисоци и уцени и концентрација на акциите во рацете на постојниот менаџмент. Преку сопственичкото преструктуирање на поранешните општествени претпријатија се очекуваше приватниот сектор да вработи поголем број невработени лица. Но, наместо тоа имаше: огромна безработица, стечаи и ликвидација на претпријатијата, технолошки вишок, принудни одмори. Невработените немаа можност да се вработат подолг временски период, а дел од вработените во разни приватни фирми се соочуваа со кршење на елементарните човекови права: не се пријавуваа како вработени; со понижувачко ниски плати; немаа право на здравствена заштита; не им се плаќаа придонесите за ПИО; синдикално не беа организирани заради притисоци од надредените. И покрај прокламирањето од самиот нејзин почеток, приватизацијата не ја постигна економската ефикасност. Тоа беше причина синдикатите да бараат и да покренуваат бројни активности за заштита на правата на работниците – членови на синдикатите, да покренуваат иницијативи за поништување на приватизации онаму каде што беше повредена постапката и не се почитуваа законските прописи, да се расчистуваат и санкционираат криминалните постапки во процесот на приватизацијата, итн. ДЕЛ III: СОПСТВЕНИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 99
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten