Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

9 плати); да бидат здравствено осигурени; да им се обезбеди работа. Пора­нешни вработени воОХИС иАлумина, продолжија и во 2016 год. да про­тестираат пред Владата на РМ и бараа средба со владините претставници во врска со исплатата на нивните заостанати 24 плати. Во октомври 2016 год. протестираа и работниците од поранешната ф-ка за преработка на дрвоКопачка од Кичево. Тие бараа да им се ис­платат 25-те заостанати плати и придонеси за 10 години.Копачка беше гигант во дрвната индустрија, со 1.400 вработени, а во стечај е од 1991 год. Водени се 4 стечајни постапки, од последната во 2006 год. со нерешен ста­тус и необештетени останале 140 вработени. 5. Странски инвестиции во Република Северна Македонија Во Република Северна Македонија со самото започнување на транзи­цијата на претпријатијата со општествен капитал, се прават напори за соз­давање поволна бизнис клима за домашните и странски директни и инди­ректни инвестиции. Се спроведуваат макроекономски политики и рефор­ми, заштита на сопственичките права и извршувањето на договорите, како и подобрување во функционирањето на законодавната, судската и изврш­ната власт и поефикасна администрација. Со низа промени во законските прописи е направен значаен напредок во модифицирањето на законската регулатива и нејзиното усогласување со меѓународните стандарди. Во 1993 год. е донесен Законот за странски вложувања, 111 во 1996 год. Законот за трговските друштва, како и голем број други закони од областа на: банкарството, приватизацијата, царините, даноците, итн. во кои се содржани одредби кои се однесуваат на странските вложувања. Во 1999 год. се донесе Закон за слободни економски зони, 112 кој престана да важи со донесувањето на Законот за технолошка индустриска развојна зона (ТИРЗ) 113 во 2007 год. со кој инвеститорите во ТИРЗ добиваат поволни ус­лови во однос на: даноците; закупот на земјиштето; изградбата на градеж­ните објекти, итн. Влезот на странскиот капитал во РСМ придонесе за подобрување на македонската економија преку: зголемување на производството и 111 Закон за странски вложувања:Службен весник на РМ, бр. 31/1993 112 Закон за слободни економски зони:Службен весник на РМ, бр. 56/1999. Измени и дополну­вања:Службен весник на РМ, бр.: 56/99; 41/00; 6/02 113 Закон за технолошка индустриска развојна зона:Службен весник на РМ, бр. 14/07; 103/08; 130/08; 139/09; 156/10; 127/12. Член 4:ТИРЗ е дел од територијата на РМ како дел од царинско подрачје, одвоен од останатиот дел од царинското подрачје, посебно ограден и означен простор што претставува функционална целина во која се вршат дејности под услови пропишани со овој и друг закон и во кој важат царинските и даночните погодности утврдени со овој и друг закон. 124 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)