6. Иницијативи на синдикатите до Уставниот суд на Република Македонија за приватизацијата Во 1999 год. на Иницијатива на синдикатите здружени во ССМ, Уставниот суд на РМ(У.бр.119/99 од 14 јули 1999) ги укина членовите од Законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал(член 18, став 4 и 5, чл. 19 и 45, дел од став 2 и ставовите 3 и 4, нов член 100-а, 48 и 51). Беше покрената и Иницијатива до Уставниот суд на РМ за поведување итна постапка за оценување на уставноста на член 5 и член 8, став 1 од Законот за измени и дополнувања на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште. Образложението на синдикатите беше дека измените и дополнувањата на овие закони водат кон подржавување на општествениот капитал кој треба да се приватизира. Со измените се повредуваше директно: правото на сопственост(член 30 од Уставот на РМ); правото на сопственост на трудот како основа на управувањето и учество во одлучувањето(член 58, став 1 од Уставот на РМ); правото на еднаквост на граѓаните пред Уставот на РМ и законите(член 9, став 1 од Уставот на РМ). Со измени на овие закони, на Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал 120 ѝ се овозможуваше да стане сопственик на општествениот капитал на претпријатието, односно задругата во случај кога тие: не ја започнале постапката за трансформација или ако доставиле документи, а не е извршена трансформацијата во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на Законот. Агенцијата можеше да стане сопственик и на дел од општествениот капитал кој работниците акционери не можеа да го откупат заради настанатите проблеми во стопанството и неисплатени плати по неколку месеци и години. На тој начин, Агенцијата стануваше единствен сопственик на општествениот капитал и можеше да одлучува и управува со него. Со тоа се наметнуваше прашањето дали Агенцијата можеше сама да носи одлуки и да стане сопственик на општествен капитал, како и тоа како самата ќе си врши контрола во делот на трансформацијата на претпријатијата, односно задругите, што беше една од нејзините одговорности. 120 Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал беше институција која беше одговорна за администрирање и поддршка на процесот на приватизација во Република Македонија од самиот почеток, па сè до 2003 год. Во овој период беа продадени акции и удели во 1.700 претпријатија. ДЕЛ III: СОПСТВЕНИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 129
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten