Синдикатите сметаа дека Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал треба да ги врши работите кои се однесуваат на организирањето и контролата на трансформацијата и во никој случај не можеше да биде сопственик на општествен капитал и директно да се стекнува со правото на управување и одлучување во претпријатијата, односно задругите. Впрочем, основниот концепт на законите за приватизација беше самите претпријатија, односно задруги да бидат носители на активностите за трансформација, самите да носат одлуки и да ја водат постапката за приватизација, а не некои други субјекти од надвор. Оваа Иницијатива на синдикатите беше прифатена од Уставниот суд кој ги поништи спорните решенија, со што се спречени штетните последици по сопственичките права на работниците. Заради вкупните состојби во опкружувањето и крајно загрозената материјално-социјална положба на работниците, синдикатите од Владата на Република Македонија и Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, бараа да се воведува мораториум на отплатата на акциите под повластени услови од страна на работниците во приватизацијата, а со цел да се запре носењето одлуки за одземање на акциите на работниците кои заради тешката економско-социјална положба не можеа да ги платат ратите и ги продаваа акциите со крајно ниска. 7. Синдикално организирање и дејствување во транзицијата Во турбулентните времиња на транзицијата во Република Македонија, на удар беше синдикалното организирање и дејствување. Повеќето нови сопственици на приватизираните претпријатија синдикатот го сметаа за свој непријател, па изнаоѓаа најразлични начини да го дестабилизираат и суспендираат. Скоро секогаш, при било какви превирања во работните средини, први на удар беа синдикалните активисти и синдикалното раководство кои без причина и образложение се сменуваа или беа принудени да си дадат оставка. Тоа го попречуваше работењето на основната синдикална организација и решавањето на суштинските проблеми. Се намалуваа и комуникациите меѓу членството и повисоките нивоа на синдикална организираност и во голем број случаи се доцнеше во реагирањето и изразувањето незадоволство за одделни неповолности по работниците. Синдикатите повикуваа на поголема мобилност и организираност во заедничкото дејствување бидејќи спонтаните и неорганизирани активности и акции на работниците не ги даваа очекуваните резултати. 130 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten