не можеше да ги контролира. При продажбата на поголемите„загубари“ на меѓународни тендери, синдикатите ги поддржуваа погодностите што ги нуди државата, но бараа во купопродажните договори да се вклучува и социјалната клаузула, што претпоставува ангажирање на работниците и остварување на нивните права. 2. Политика на платите во Република Северна Македонија и улогата на синдикатите Дефиницијата на категоријата плата според МОТ Конвенцијата бр. 95 за заштита на платите, гласи:„Платата претставува надомест на вложениот труд, без оглед како е заработена, која може да се изрази во пари и да се утврди со меѓусебен договор или со национални закони или прописи и која може по сила на договорот за вработување(кој може и не мора да биде во писмена форма) работодавачот да ја исплати на вработеното лице.“ Започнувањето на транзицијата во РМ и влошените состојби во опкружувањето, силно ги погоди повеќе од 100.000 работници кои ги губеа основните права од работен однос и не примаа плата по неколку месеци, па и години, не се уплатуваа придонесите од плата. Се зголемуваа социјалните разлики, се губеше мотивираноста на работниците за ангажирање и постигнување што поголеми работни резултати. Ваквата состојба предизвика масовни протести, социјални конфликти и дополнително влошување на општата состојба на државата. Во врска со овие настанати проблеми за работниците, синдикатите бараа да се спроведуваат мерки од страна на Владата на РМ кои се однесуваат на одржување на континуитетот на производството и извозот и финансиска консолидација на стопанството. Кон нив да се придодаде и посебна социјална програма на ургентни мерки со кои работниците ќе можат да го издржат ударот и да го пребродат овој тежок период: исплата на месечен надомест од 60% од просекот на Републиката, како социјална помош за сите работници кои подолг период не примиле плата; на работниците кои работат, а подолго време не примиле плата, да им се утврди статус на социјално загрозени лица; да се користат други форми на хуманитарна помош преку претпријатијата во кои работат најзагрозените лица; да се утврди времена мерка и работниците за кои не се уплатуваа придонеси за здравствена заштита, а им е најпотребна, да можат истата да ја користат; работниците кои ги исполнуваа условите за пензија во однос на работниот стаж(чиј број во 1999 год. изнесуваше 10.000), а на кои не им беа уплатувани придонесите, работодавачите да може за секој од нив да ги уплатуваат. 148 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten