Транзицијата на: општествениот, политичкиот и економскиот живот во Република Македонија опфати и реформи во три многу значајни сфери за работниците и за граѓаните на Република Македонија: во пензискиот и здравствениот систем и во јавната администрација. Овие реформи беа дел од кредитните линии и програмите за заем на ММФ и Светската банка за помош за транзициските процеси во Република Македонија. Времето во кое започнаа овие реформи немаше економски предуслови за нивно успешно спроведување, тие не соодветствуваа на можностите на државата и на потребите на работниците и граѓаните. На социјален план, состојбите беа драматични, илјадници семејства примаа социјална помош а, речиси, половина од пензионерите примаа пензија пониска од 5.000 ден. Законските реформски решенија на почетокот се носеа без да се вклучат социјалните партнери и да се постигне нужниот консензус, што предизвика жестоки реакции од страна на синдикатите, преку одржување јавни протести, предупредувачки и генерални штрајкови. Реформите во здравствениот и пензискиот систем во РСМ и во јавната администрација во континуитет се одвиваат до денес, преку носење и имплементација на нови законски решенија и прописи во рамки на хармонизацијата со меѓународните стандарди и евроинтеграцискиот процес. 1. Социјална сигурност и социјално осигурување Република Северна Македонија, согласно Уставот, е дефинирана како социјална држава.„Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор“(Устав на РСM, член 34);„Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност. Републиката им гарантира право на помош на немоќните и неспособните за работа граѓани. Републиката им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот“(Устав на РСM, член 35). Уставот на РСМ и законите од сферата на социјалната сигурност и социјалното осигурување ги содржат целите утврдени во документите на Организацијата на обединетите нации, во која РСМ е членка(Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Милениумската декларација на ООН, и др.), Советот на Европа(Европската социјална повелба и дополнителните 236 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten