Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

паричен надоместок до наредно вработување или до стекнување на услови за старосна пензија; y Работничките кои не можат да го остварат правото на платено поро­дилно отсуство заради неисплатена плата и неплатен придонес за здравствено осигурување кај некои работодавачи; y Ранливите групи посебно младите, кои не можат да обезбедат вра­ботување заради немање соодветно образование или повозрасните работници заради нивната неможност да се приспособат на новите техники и технологии. Системот на социјална заштита, како основен столб на поддршка за граѓаните кои се нашле во положба на социјален ризик, според синдика­тите треба да обезбеди разновидност на услуги со кои ќе се овозможи не само ублажување на последиците, туку и излез од настанатата состојба. Во таа смисла, нивото на трансферите е потребно да се усогласува со растот на платите и трошоците за живот. Со тоа би се овозможило да се решаваат основните егзистенцијални прашања на работниците и граѓаните и пози­тивно да влијаат врз економскиот раст и јакнење на социјалната димензија на државата и избегнување на потенцијални социјални конфликти. 2. Реформи во здравствениот систем На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.(Устав на Република Северна Македонија, член 39) Периодот на транзиција донесе огромен пресврт за здравствениот статус на населението и здравстве­ните системи на земјите во Југоисточна Европа, вклучително и на Република Македонија. Реформи во здравството започнаа да се остваруваат паралелно со економските реформи во Репу­блика Македонија по нејзиното осамостојување во 1991 год. и се засноваа врз начелата на: сеопфатност, солидарност и еднаквост. Целта на рефор­мите беше да се постигне максимум квалитет, со минимум трошоци: во државата да се креираат политики и да се имплементираат одредени со­времени стандарди за зголемување на нивото на ефикасноста на здрав­ствената заштита; да се намалат расходите; да се понудат квалитетни услу­ги и полесен пристап до нив на граѓаните; здравствена заштита достапна за секого врз принципите на солидарност, хуманост и социјална праведност. 240 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)