Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здрав­ствената дејност, која ја потпишаа претседателот на Самостојниот синди­кат за здравство, фармација и социјална заштита и Министерот за здравство, на 5 септември 2018 год. Со Спогодбата е предвидено да се зголемат платите на сите вработени во здравството за 5%, што е мотивирање на здравствени­те работници во обезбедувањето квалитетно здравство за граѓаните. 3. Реформи во пензискиот систем Пензискиот систем е значаен сегмент на системот на социјална сигур­ност на граѓаните, кој го сочинуваат збир од закони и административни и финансиски институции со кои се регулира осигурувањето на ризикот на старост и инвалидитет. Државата има обврска да ја унапредува пензиската политика и да обезбедува стабилен и одржлив пензиски систем преку ре­довна исплата на пензиите. Ова се однесува подеднакво како за осигурени­ците, односно лицата кои издвојуваат придонес за пензиско и инвалидско осигурување, така и за корисниците на пензија. По 50 годишното функционирање на пензискиот систем во Република Македонија, со почеток на транзициското време од 80-тите години на мина­тиот век започнаа и првите најави за потребата од реформа во постојниот пензиски систем. Со измените и дополнувањата направени во 2002 год. во Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 1993 год., од систем за­снован врз принципот на тековно финансирање(генерациска солидарност) од пензискиот придонес на вработените осигуреници, се премина на по­веќестолбен пензиски систем. Покрај тековното финансирање, се воведоа и пензиски фондови засновани врз принципот на капитално финансирање, во кои средствата се собираат и инвестираат со цел да ја сочуваат и зголемат нивната вредност и да бидат основа за исплата на дел од старосната пензија. Бројот на корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија растеше во континуитет: во 1991 год. изнесува 180.749, во наредните 5 години по­расна на 219.307, во 2000 изнесува 241.221, во 2005 год. изнесува 265.152. Во јуни 2018 год. бројот на овие корисници на пензија изнесува 315.251, а просечната пензија изнесува 14.176 ден. До јули 2020 год. во РСМ пензија им се исплаќа на 325.000 лица, а просечната исплатена пензија во јули изнесува 15.500 ден., 35,5% земаат 12.863 ден. Според Фондот за ПИО во 2017 год. имало 575.574 осигуреници(кои плаќаат придонес) и 310.744 пензионери. Соодносот е еден пензионер на 1,85 осигуреници(пред 30 години изнесу­вал 1:4). Во 2020 год., Владата на РСМ најави подготовка на закон за предвре­мено пензионирање според кој ќе им се даде можност на вработените да заминат во пензија 5 години порано, но со намалена пензија. ДЕЛ VI: РЕФОРМИ ВОЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 247