Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

3. Психичко вознемирување на работното место(мобинг) Психичко вознемирување на работно место(мобинг) е секое негатив­но однесување од поединец или група кое се повторува континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава не­пријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичко­то и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место. 305 Мобингот(го нарекуваатбавен отров) претставува ризик при работа кој успешно се издигнува кон високото прво место во светот. Психичкиот притисок и психичкото малтретирање на работното место работниците во Република Македонија со особена изразеност го чувству­ваа со започнувањето на процесот на приватизацијата на општествениот капитал. Работниците не беа доволно информирани и не го препознаваа мобингот, не ги поврзуваа здравствените и други последици со оваа не­гативна појава, уште повеќе дека треба да се справат и како да се справат со неа. Во услови кога започна стапката на невработеност драматично да расте, кога понудата и побарувачката на работна сила се најдоа во голем расчекор, секако дека примарен беше интересот на обезбедувањето егзи­стенција. Меѓутоа, човекот не е само физичко битие, туку и битие со: чув­ства, разум, свест, има потреба за материјални, но и за духовни добра. Во годините што следеа, мобингот земаше сè посилен замав, најизра­зито во дел од фирмите кои беа откупени со странски капитал и во кои трката за профитот ги ставаше на маргините потребите и способностите на работниците. Се запоставуваше реалниот факт дека нарушувањето на нормалниот тек на животот на вработениот во работната средина се од­разува и врз неговото физичко и ментално здравје, врз неговата семејна хармонија, врз неговата работоспособност. Недоволната грижа на рабо­тодавачите за потребите на работниците, нивната преокупираност само со финансиските интереси, несоодветната организација на работата, непо­читувањето на елементарните трудови права, несоодветната заштита на: жените, младите, инвалидизираните, повозрасните лица, ги нарушуваше меѓучовечките односи, што, пак, силно негативно се одразуваше врз пла­нираните и очекувани деловни резултати. Мобингот не е непознат и за работните средини и во другите држави 305 Закон за заштита од вознемирување на работното место:Службен весник на РМ, бр. 79/13 326 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)