3. Правото на штрајк на работниците во колективните договори Покрај со законите, штрајкот е регулиран и со општите, гранските и колективните договори на ниво на работодавач. Во ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, во член 34, точка 3, стои:„За време на штрајк кој е организиран заради повредени права на работниците уредени со закон, колективен договор и со договорот за вработување: три неисплатени плати; неплатени придонеси и надоместоци; непотпишување на колективен договор и необезбедени услови за работа, работодавачот на работникот му исплатува надоместок на плата во висина од 60% од основната плата на работникот за време од 5 работни дена. Работникот ќе се стекне со право на надомест од плата само во случај ако легитимноста на штрајкот е во согласност со актот на соодветниот синдикат, односно ако добие легитимност од соодветниот синдикат“. Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија, потпишан меѓу Владата на РМ и КСС во 2008 год., не го разработува ова работничко право, односно воопшто не го споменува надоместокот за време на штрајк. Реакциите на другите синдикати беа остри и предлагаа платата за време на штрајк до 5 работни дена да биде во целосен износ. Во колективните договори на гранско ниво и на ниво на работодавач, правото на штрајк е уредено согласно закон и општите колективни договори. Во однос на правото на надоместок на плата за време на штрајк постојат одредени различности, што се должи на специфичностите на дејностите и преговорите при потпишувањето на колективните договори на овие нивоа. На пример, во КД за угостителството на Република Македонија, 324 потпишан во 2007 год., од страна на СУТКОЗ и Здружението хотели, ресторани и кафетерии – НОТАМ при ОРМ, во член 152, е утврдено:„За време на штрајк кој е организиран за остварување на правата на работниците уредени со закон, колективен договор и со договорот за вработување, работодавачот на работникот му исплатува надоместок на плата во висина од 100% од основната плата на работникот со платени придонеси“. Во КД за тутунското стопанство(член 81), 325 кога причина за штрајкот се прекршени правата на работниците утврдени со закон, колективен договор и со договор за вработување, работодавачот му исплаќа на работникот плата во висина од 100% од основната плата на работникот, за време од 5 работни денови, а над 5 работни денови 60% од основната плата на работникот. Во КД на Управата за јавни приходи(член 101) 326 потпишан во 2011 год., за време на легитимен штрајк, работодавачот на вработените им исплаќа 324 Колективен договор за угостителството на РМ, www.sutkoz.org.mk 325 Колективен договор за вработените од тутунското стопанство, www.agrosindikat.org.mk 326 Колективен договор за вработените во Управата за јавни приходи, www.upoz.org.mk ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ – ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 341
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten