Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

5. Организатори и начин на организирање на штрајк Штрајковите се организирани и водени од основната синдикална орга­низација, гранските синдикати и здруженијата на синдикатите. На ниво на работодавач, како организатор на штрајк се јавува основ­ната синдикална организација и е непосредно вклучена од самата појава на судирот на интереси, ескалирањето, до манифестирањето на незадо­волството преку штрајк. Во овие активности, пред сè во преговарањето со социјалните партнери за надминување на настанатите проблеми, како и во организирањето и водењето на штрајковите, се вклучувани и претстав­ници на синдикатот на повисоко ниво на организирање, односно синдика­тите според дејноста. Органот на синдикалната организација носи одлука за штрајк и одлука за прекин на штрајкот и со работодавачот склучува писмена спогодба за начинот и обемот на остварување на поставените штрајкувачки барања, односно на правата од работниот однос што биле прекршени и претставу­вало основа за штрајк. Правила за организирање и водење штрајк. За сите потребни елементи за непречено и регуларно одвивање на штрајкот, се утврдуваат правила. Овие правила посебно ги содржат: правата, обврските и одговорностите на органите и телата на СО во организирањето и водењето на штрајкот; постапката за изјаснување на членството за организирање на штрајк; при­чините за штрајкот; времето на траење; каква функција има штрајкот; на кое ниво е штрајкот; местото на одржување; што содржи одлуката за орга­низирање штрајк; кои се барањата; надлежностите на штрајкувачкиот од­бор и групата за преговори; најава на штрајкот кај работодавачот; како ќе се одвиваат преговорите со надлежниот орган пред и за време на штрајкот заради решавање на спорните прашања, односно штрајкувачките барања; за прекин на штрајкот или негово ставање во мирување, или повторно ак­тивирање. Упатства за водење на штрајкот. Покрај правила, синдикатите но­сат и упатства за водење на штрајкот. Во нив поблиску се регулираат пра­шањата поврзани со: обезбедувањето на минимум на процесот на рабо­та, со доставување изјава до работодавачот, истакнување на одлуката за штрајк на видни места во работната средина, информирањето, начинот на спроведување и други прашања поврзани со организирањето и спроведу­вањето на штрајкот. Штрајкувачки одбор. Го избира организаторот на штрајкот и има об­врска:Да се грижи за обезбедување услови за нормално одвивање на штрајкот, редот и мирот во текот на штрајкот, ги оневозможува и спречува 344 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)