Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

појавите кои можат да им наштетат на целите на штрајкот и достоинство­то на неговите учесници, дезинформациите и обидите за манипулација на штрајкот и неговите учесници; преговара за спогодбено решавање на спорот, исполнување на синдикалните барања, при што може да формира и нови барања и за тоа ги информира учесниците во штрајкот; по завр­шувањето на штрајкот изготвува информација за текот и резултатите од штрајкот, која по усвојувањето од органот на Синдикалната организација се доставува до членството. 327 Функциите на штрајкувачкиот одбор пре­стануваат со престанување на важноста на одлуката за штрајк. 6. Број на штрајкови, број на учесници, времетраење на штрајковите До 80-тите години на 20. век, во Република Македонија бројот на штрајковите е незначителен споредено со оние од првата деценија од за­почнувањето на сопственичката трансформација во нашата држава, кога, всушност, се одржале најмногубројни и најмасовни штрајкови воопшто од постоењето на синдикалното движење во Македонија. Бројот на сите штрајкови, учесниците, изгубените работни денови и работни часови не може да се утврди со прецизност. Причината за тоа е што одделни штрајко­ви траеле подолг период, некои се ставале во мирување, па повторно се активирале, имало спонтани собирања, нелегитимни штрајкови, некои биле предупредувачки, некои траеле само неколку часови и во кругот на претпријатието само со прекин на работата, а заради изостанување на ре­зултатите, следи штрајк. Некои се одржувале перманентно, со премин од еден во друг месец, па и во наредната година. Она што е евидентно е дека бројот на штрајковите од година во година сè повеќе се зголемуваше. На пример, во организациите на здружен труд во 1988 год. имало 30 штрајкови, со учество на 5.322 работници, во првите 3 месеци од 1989 год., се регистрирани 72 штрајка, со учество на 10.336 работници, или бројот на штрајковите е зголемен за 42 или 140%, а на ра­ботниците учесници за 5.014 или 94%. Причината за штрајковите беше неисплаќањето на личните доходи и барање за нивното зголемување за 100%, па и за 300%. Се штрајкувало, исто така, за смена на раководни­те структури и се барало нивна одговорност. Најмногу се штрајкувало во: земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Во следната декада, бројот на штрајковите се зголемува драстично, како на пример, во текот на 1997 год., кога имало 220 штрајкови. Во просек, штрајковите траеле од еден ден, до 9 месеци, ги имало и во мали и во најголеми претпријатија со повеќе илјади вработени. Најмасовни 327 Правила за организирање на штрајк на Синдикалниот одбор на СО на АД Македонски телеко­муникации, 16.1.2003 ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 345