штрајкови беа штрајковите на вработените од претпријатијата т.н.„загубари“, генералните штрајкови на вработените во јавниот сектор, вработените од образованието, науката и културата, во кои учествуваа над 60.000 вработени, како и во претпријатијата со над илјада вработени: Рудници„Саса“ и„Злетово“,„Југохром“,„Газела“,„Типо“, Македонски железници, НИП„Нова Македонија“, Македонска Радио и Телевизија,„Македонка“, итн. Многу често, заради тешката материјална и социјална положба на работниците во периодот на транзицијата, во протестите и штрајковите на работниците од претпријатијата„загубари“ солидарно учествуваа и работниците од други претпријатија, како што беше на протестите од 10.5.2001 и 31.10.2001 год. учеството на работниците од:„Стружанка“(Струга); Рудници „САСА“,„Злетово“ и„Тораница“(Крива Паланка);„Микрон“(Прилеп);„Батерии“(Пробиштип);„Руен“(Кочани);„Алкалоид“,„Охис“,„Адинг“,„Техногас“, „Пластика“(Скопје). Поголем број штрајкови траеле од една до две седмици заради реално потребното време да се организира другата страна во конфликтот до која се упатени барањата и да се започнат преговори со штрајкувачите и да пристапат кон задоволување на нивните барања. Појава е, исто така, прекини на работата да има во текот на денот во повеќе претпријатија и тие имаат карактер на предупредување и не носат поголеми последици во однос на губењето на работното време, но од друга страна, повторувањето на ваквиот начин на незадоволство е знак дека работничката трпеливост може да ескалира и да предизвика поголеми последици од вообичаениот начин на штрајкување. Не е мал и бројот на штрајковите кои траеле и по еден и повеќе месеци, а со прекини и цела година(на пример, на крајот на 2000 и почетокот на 2001 год. се одржа штрајк на вработените во правосудните органи кој траеше 80 денови, за зголемување на платите и исплата на надоместокот за минат труд). 7. Место на одржување на штрајковите Штрајковите се одржуваат во кругот на претпријатието или установата и најчесто учествуваат сите вработени. Тоа говори за високиот степен на солидарност на вработените, за почитување на постапката на штрајк, како и за постигнување на заедничките цели. Неретко, штрајковите се одржуваат пред највисоките државни институции и тоа уште на самиот почеток на појавата на проблемот и без да се бара негово надминување преку преговори во претпријатието со работодавачот(на пример, протестот на работниците од„ОХИС“ во 1990 г., ф-ка„Стакларница“, АД„Европа“, Скопје, 346 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten