Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

штрајкот на индивидуалните земјоделци и предупредувачкиот штрајк на комуналците во 1992 год., и многу други). Синдикатите ги поддржуваа овие протести и штрајкови, но сметаа дека истите мора да се одржуваат според штрајкувачките правила. Како еден од начините за искажување на работничкото незадоволство е и блокирањето на фреквентните улици во поголемите градови во Репу­бликата и клучните меѓуградски патиштата. Ова особено се практикуваше за време на протестите на вработените од претпријатијата т.н.загубари (на пример, за време на протестите во 2000 год., вработените од АДСили­ка алумосиликати, АДСилика доломит,Готекс Гостивар ги блокираа патиштата Гостивар Здуње и Гостивар –Маврово; вработените од рудни­котБучим двапати го блокираа патот Радовиш-Штип; вработените од ТК Македонка од Штип го блокираа патот Штип Скопје и Штип Струмица; вработените од БитолскаШеќерана го блокираа патот за РЕК и патот за Скопје). Место на собирање на штрајкувачите во многу случаи беше пред се­диштата на синдикатите или и во самите работни простории(на пр. во 1992 год., во седиштето на ССМ протестираа над 400 невработени лекари и стоматолози). Својот револт во ССМ го искажуваа и стечајните работни­ци во огромен број и од многу градови во Македонија. Најголемиот дел од активностите за организирање на штрајковите согласно закон се одвиваа во гранските синдикати. 8. Како завршуваат штрајковите? Најчесто, штрајковите завршуваат спогодбено, со потпишување на до­кумент од страна на менаџментот, штрајкувачите и претставниците на син­дикатот кои, претежно, се почитуваат и практикуваат при подолгорочно решавање на настанатите проблеми на работниците. Доколку синдикатот и работодавачот не се спогодат во рок од најмалку 15 дена, и двете страни може да побараат арбитража. Во случај кога барањата на штрајкувачите не се задоволени, однос­но не се постигне договор меѓу работодавачот и штрајкувачкиот одбор, односно синдикатот, или барањата се задоволени делумно, штрајкот или продолжува, или е ставен во мирување. Ставањето на штрајкот во миру­вање не значи завршување на штрајкот, туку можност во секој момент тој да се активира бидејќи секој штрајк има своја соодветна разрешница со задоволување на штрајкувачките барања. Имаше случаи кога штрајкови беа ставани во мирување и заради состојбите на безбедносен план во др­жавата или настани од општ општествен интерес(на пр., штрајкот на МРТВ беше ставен во мирување заради Парламентарните избори во 2002 год., а ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 347