Генералниот штрајк на Синдикатот на УПОЗ заради Парламентарните избори во 2008 год. и НАТО Самитот на кој се разгледуваше прашањето за прием на Република Македонија во НАТО Алијансата). Во врска со правата на работниците од работен однос за време на штрајк синдикатите водат преговори со ресорните министерства и работодавачите и протестите или штрајковите се ставаат во мирување. Ова се покажа како ефикасен начин на решавање на конфликтните состојби, за што, секако придонесуваше подготвеноста и стручноста на синдикатите за надминување на настанатите проблеми во интерес и без последици за своето членство. Има и штрајкови и протести чија цел е да се потсети власта дека постојниот проблем не е решен и дека работниците не се откажуваат. Протестите на работниците од„ЕМО“ од Охрид и„Еурокомпозит“ од Прилеп имаа таков карактер. Тие не е согласуваа со измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и порачаа дека нема да запрат сè до повторна измена на овој Закон кој ќе биде во интерес на работниците. Карактеристичен пример за потребата од упорност кога се штрајкува за да се постигне целта, се штрајковите во Рудникот„Тораница“ одржани во периодот по 1995 год. кога Рудникот стана еден од 25-те„загубари“. Штрајкот одржан во 2001 год. траеше скоро 4 месеци и барањата на штрајкувачите беа постигнати: приватизацијата беше поништена, државата ги исплати заостанатите плати и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, отворена е стечајна постапка, со згрижување на вработените во Бирото за вработување. Штрајковите не стивнуваа и по повторната приватизација, од 2002-2006 год. Активирана е синдикалната организација(кон крајот на 2007 год.) и преку штрајк, договорите на работниците на определено време се трансформирани во договори на неопределено време, а платите се коригирани во просек за околу 30%. 9. Спречување на штрајковите Штрајкот е последниот инструмент кон кој се приклонуваат работниците и се користи дури откако нема да успеат сите други обиди да се изнајде мирно решение на настанатите спорови меѓу работниците и работодавачите. Секоја забрана или ограничување на законското право на штрајк, беше ризична посебно за земјите во транзицијата кои имаа доста ранлива демократија, а исто така беа и под силен притисок на меѓународните 348 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten