Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

10. Штрајкбрехерството и целта на штрајкот Работникот не смее на било каков начин и од било кој да биде присилен да не учествува во штрајк. Сепак, во повеќе примери, дистанцирањето на дел од работниците од штрајк претежно се должи на притисокот од страна на работодавачите и стравот од лични последици. Оваа појава се осудува од учесниците во штрајкот бидејќи негативно се одразува врз резултатите од штрајкот. Со штрајкбрехерството се разбива единството кое е клучно за успешен штрајк и оди во прилог на работодавачите да го спречат штрајкот. Штрајкувачите губат бидејќи нивните задачи ќе ги извршуваат други ра­ботници, па производните и други процеси воопшто нема да трпат. Со ова, работниците се разединуваат и не се постигнува целта, не се изнаоѓаат заеднички решенија. Еден типичен пример за оваа појава е штрајкот во хотелКонтинентал од Скопје, 1997 год. На почетокот на штрајкот зедоа учество сите вработени, но под притисок на директорот, дел од учесници­те штрајкбрехери се повлекоа, а останаа солидарно да штрајкуваат 80 ра­ботници. Решителноста на штрајкувачите да ги бранат интересите на сите вработени им донесе отказни решенија и тужби. Штракбрехерство имаше и за време на штрајкот во:Комуналец од Битола(за смена на директорот, кој формирал независен синдикат од штрајкбрехерите);СИМЕП од Струга во 1992 год.; АДСонитекс од Кавадарци, во 2004, и др. Еден вид синдикална поделеност се јавува и при носењето одлука за организирање штрајк во претпријатијата, синдикалците се делат на оние кои остануваат доследни на штрајкувачките барања и оние кои мислат дека не треба да се штрајкува. Различните ставови и недоразбирања за приватизацијата и раководењето со фирмите(како што е примерот со две­те спротивставени страни на штрајкувачкиот одбор наМакедонија табак 2000 на 17 март 2006 год. и обидот да биде сменето претседателството на штрајкувачкиот одбор), беше најчесто причина за појавата на синдикални фракции, од што многу често беа засегнати вработените. Ставот на синдикатите во однос на штрајкбрехерството е дека тоа ги загрозува интересите на мнозинството. Секако, треба да се почитува принципот на доброволност и самоопределување за учество во штрајк, но мора да се има предвид дека колективните интереси се и лични и никој нема да се откаже од постигнатите позитивни резултати од штрајк.Посма­трачите за време на штрајк се во привилегирана положба: поштедени се од евентуалните последици за учество во штрајк и ги уживаат стекнатите позитивни резултати. Штрајкбрехерите создаваат револт кај штрајкувачи­те и многу често тоа е причина за нарушување на меѓучовечките односи, многу потребни за продуктивноста во работењето. ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 353