11. Штрајк со глад Во времето на првите прогласувања на стечаи и технолошки вишоци, имаше бран од штрајкови со глад. Најдолг беше штрајкот со глад на стечајните работници и работниците прогласени технолошки вишок во 1993 год., кои неколку месеци престојуваа во работните простории на синдикатите во Работничкиот дом во Скопје. Синдикатите им дадоа силна поддршка и придонесоа во позитивната разврска на штрајкот. Беше спогодено да се обезбеди материјална сигурност на овие работници кои останаа без работа не по своја вина. Во 2000 год., со глад штрајкуваа: работници од„Македонка“, Штип, а 31 работник од Рудници„САСА“, АД Македонска Каменица, штрајкуваа со глад 9 дена заради технолошки вишок, по што се водеа судски постапки. Во ноември 2002 год., 1.300 работници од Рудници„САСА“ повторно штрајкуваа со глад во рударските окна, надевајќи се дека Владата на РМ ќе го запре уништувањето на рудникот. На 5 август Телото за структурни реформи при Владата на РМ потпиша Протокол со кој се обврза да го реши статусот на Рудникот најдоцна до 31 септември истата година; да обезбеди средства за исплата на платите и за набавка на репроматеријали неопходни за нормално одвивање на производството; да се реши проблемот со спорната цесија со МХК ДОО од Скопје. До утврдениот рок, не беше исполнета ниту една обврска од Протоколот. Меѓутоа, како резултат на решителноста и добрата организираност на синдикалните активности на СО„САСА“, координацијата и успешните преговори на Синдикатот на металците и енергетичарите на Македонија со надлежните од државата, штрајкот доби позитивна разврска во декември 2002 год. Во 2009 год.(9 декември), Здружението на стечајни работници и технолошки вишок,„Унит“ од Куманово, повика на општ штрајк со глад. На штрајкот му претходеа повеќе протести пред Собранието и Владата на РМ во 2008 год. Пред Собранието на РМ, штрајкувачите поставија шатори. Со статус на стечајци и технолошки вишок се здобија околу 18 илјади работници, а од нив само 600 го исполнуваа условот и беа опфатени со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 год. 331 Образложението на Владата на РМ беше дека стечајците кои не се опфатени со Законот се од фирми од приватниот сектор. Стечајците ова го примија со големо разочарување бидејќи тоа се работници од фирми кои беа со општествен капитал, и во кои работеле и над 30 години(на пример:„ЧИК“, од Куманово,„Газела“ и„ФАС“ од Скопје и 331 Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 год.:„Службен весник на РМ“, бр. 87/08 354 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten