други големи претпријатија). Револтот на стечајните работници беше уште поголем и заради започнување на проектот„Скопје 2014“, за кој се одвоени големи средства, а барањата на стечајците и работниците технолошки вишок не се исполнуваат. Штрајк со глад се одржа во 2009 год. во Куманово, во просториите каде што е сместено и Регионалното синдикално претставништво Куманово. Штрајкуваа повозрасни работници кои бараа нивно материјално обезбедување до пензионирање. Синдикатите ги поддржаа барањата на стечајните работници и сметаа дека се оправдани и дека на оваа категорија работници, како и на други кои ќе се најдат во тешка материјална и социјална положба, мора да им се помогне. 12. Штрајкови и демонстрации на меѓународно ниво Правото на штрајк е регулирано во Европската социјална повелба и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права. Исто така, тоа право е имплицитно содржано и во одредбите на конвенциите на МОТ. Во Европската социјална повелба, во член 6 стои:„Заради делотворно остварување на правото на колективно преговарање, државите потписнички(меѓу другото) ќе го поттикнуваат востановувањето и користењето на соодветни начини на мирење и доброволна арбитража заради решавање на колективните спорови. Тоа ќе им го признае на работниците и работодавачите правото на колективна акција во случај на судир на интересите, вклучувајќи го и правото на штрајк, со ограничувања што можат да произлезат од претходно склучените колективни договори“. Во Додатокот на Повелбата е утврдено:„Се подразбира дека секоја држава потписничка може, доколку е заинтересирана, со закон да го уреди остварувањето на правото на штрајк, осигурувајќи дека секое ограничување на правото на штрајк може да биде оправдано со условите од член 31.“ Според Повелбата, правото на штрајк е право на работниците и може да се организира за било кој проблем од заеднички интерес за работниците. Со закон може, со определени услови, да се забрани или ограничи правото на штрајк. Членовите на синдикатот и нивните синдикални организации можат да трпат правни санкции во случај да организираат штрајк спротивно на закон. Користењето на законското право на штрајк не може за последица да има раскинување на договорот за вработување. ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ – ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 355
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten