Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

13. Генерални штрајкови и јавни протести организирани од синдикатите Во бурниот транзициски период, синдикатите организираа и одржа го­лем број генерални штрајкови и јавни протести. Тоа е еден од начините на искажување на незадоволството на работниците, здружени, единствени и солидарни, бидејќи тешката материјална и социјална положба ги засег­нуваше сите. До 2005 година кога, речиси, сите синдикати во Република Македонија дејствуваа во една синдикална заедница Сојузот на синдика­тите на Македонија, и синдикалното членство ги остваруваше работните права и интереси солидарно, со заеднички акции и активности. Со започ­нувањето на синдикалниот плурализам и реформите во синдикалното ор­ганизирање, забележана е извесна стагнација на овој план, што придонесе за уште поголеми предизвици за синдикалната борба. Во 1990 год. ССМ како членка на ССЈ, го поддржа Јавниот протест на ССЈ(одржан во месец јануари) заради настаните и заканите за војна на овие простори. Упатен е повик од ССЈ до сите републички синдикати за разум, решителна борба против националистичките појави, да се реагира на секое место, да се преземаат мерки за почитување на законите и пра­вата на работниците. Нарушувањето на мирот и стабилноста на државата сериозно ќе ја наруши економијата, а со тоа и материјалната и социјалната положба на работниците. Во 1991 год., заради зачестено одржување на штрајкови во претприја­тијата, заради неисплатени лични заработувачки по 2, 3, па и повеќе ме­сеци, и воопшто заради крајно лошата материјална и социјална положба на работниците, синдикатите здружени во ССМ остварија повеќе средби и разговори со Претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, Премиерот на Владата на РМ, Никола Кљусев и ресорните министри. Син­дикатите не прифаќаа работниците да ја плаќаат цената на економската реформа во РМ со ниски и нередовни плати и губење на работните места. Бараа да се смират социјалните тензии и да се води мирен и демократски дијалог за решавање на проблемите во рамки на институциите на систе­мот и во самите претпријатија и установи. Да се сочува социјалниот мир, да се обезбедат средства од страна на државата за интервенции во социјал­ната сфера и да се решаваат проблемите со работниците за кои престана­ла потребата, во согласност со закон. Синдикатите бараа да се основа посебен форум во рамки на Собрание­то на РМ на кој ќе се разгледуваат и решаваат сите отворени прашања кои го поттикнуваат работничкото незадоволство. Во работата на форумот би партиципирале: Собранието, Владата, Стопанската комора на Македонија ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 357