Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

8.9.2021 год. На 30-годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија(КСОМ) и Независниот синдикат на полицијата одржаа Про­тест, кој започна со поворка од автомобили низ центарот на Скопје и зав­рши пред Владата на РСМ. На протестот е искажано незадоволството на вработените во: МВР, Министерството за правда и Шумската полиција, од Колективниот договор кој беше потпишан во мај оваа година, а со кој сме­таат дека правата на овие вработени се намалени. 14. Првомајски протести и манифестации Меѓународниот празник Први мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Започнал да се одбележува од 1890 година во спомен на жртвите на крвавите демонстрации што се одржале од 1 до 4 мај 1886 год., во Чикаго, симболично за три осмици: 8 часа работа, 8 часа одмор, 8 часа културен живот. Одлуката за одбележу­вањето на Први мај е донесена едногласно на Првиот конгрес на Втората работничка интернационала, во Париз во 1889 год., на 100-годишнината од Француската револуција, кога се повикуваат работниците од целиот свет на мирни демонстрации на Први мај со цел подобрување на своја­та материјално-социјална положба. Како симбол на работничкиот бунт, а во знак на сеќавање на пролеаната крв на чикашките работници е избран црвениот каранфил. Одбележувањето на Први мај со демонстрации и про­тести стана традиција во многу земји ширум светот. Во нашата држава Први мај секоја година е прославуван и одбележу­ван на достоинствен начин од страна на синдикатите. До 2007 год., Големи­от светски ден на трудбениците се славеше 2 дена, на 1 и 2 мај. Таа година во скратена постапка, без да се вклучат синдикатите, се донесоа измени на Законот за празниците на РМ и се скрати неговото чествување само на еден ден на Први мај. Синдикатите упатија реакција до законодавецот во која го искажа ста­вот дека е неприфатливо да се носи ваков закон без да се изврши поши­рока консултација и дека не се согласува да се скратува празнувањето на Први мај на еден ден. Празнувањето на трудот е вековна традиција не само кај работниците, туку и кај сите останати граѓани, посебно на вториот ден кога се организираат: семејни излети, туристички патувања, собири, спор­тски и културни манифестации. Празнувањето на Втори мај има значење и од аспект на задржување на семејните вредности. ДЕЛ IX: ШТРАЈКОВИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ ИЗРАЗ НА РАБОТНИЧКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО 369