дејства преку социјален дијалог и постигнување консензус, што е одлика и се практикува во секое: модерно, современо, демократско општество. За одбележување е дека во последните неколку години, штрајковите, протестите или прекините на работа во РСМ, во споредба со изминатите години, се во сè помал број, што се должи на максималните залагања на синдикатите за решавање на настанатите конфликтни состојби по пат на разговор и договор со засегнатите страни. Меѓутоа, и покрај сите искуства во изминатиот период и натаму е присутна практиката да се маргинализираат и да не се почитуваат работничките права утврдени во законите и колективните договори. Ова остава простор и потврдува дека конфликти меѓу трудот и капиталот постоеле, и ќе постојат. Останува да се посвети потребното внимание во нивното надминување по мирен пат, со преговори и договори, или да се дозволи„експлозија“ на работничкото незадоволство – наречено штрајк. 400 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten