богатство за идните генерации. Читајќи ја книгата, констатирав дека таа содржи неизмерен број на: факти, бројки, настани, победи, порази на синдикатот кои се со епохално значење за сегашните, но и новите генерации. Се согласувам со констатацијата на авторката во Предговорот на книгата дека:„...целта на трудот е да придонесе да се одбележат стратешките заложби на синдикатите во интерес на остварувањето и подобрувањето на правата од работа на своето членство и работниците, согласно меѓународните трудови стандарди. Како сегашните и идни генерации работници синдикално организирани да ги бранат и унапредуваат своите права, како да се борат и изборат да живеат достоинствено од својот труд, како заедно да минуваат низ премрежињата и да партиципираат во изградбата на современо, демократско општество, како што е декларирана со Уставот нашата држава, Република Северна Македонија.“ Книгата е структурирана во 10 делови со исто толку тематски единици кои меѓусебно се надоврзуваат во една систематизирана целина која дава целосна и автентична слика на синдикализмот во транзицијата и по неа. Првиот дел е со наслов:„Општествени и економски процеси во светот и Република Северна Македонија(1991-2021) и нивното влијание врз трудот”, каде авторката дава опширен приказ на глобализацијата и нејзиното влијание врз општествените, економските, политичките и социјалните импликации во нашата држава, како и нивното влијание врз позицијата на трудот. Во вториот дел:„Организација, развој и улога на синдикатите” авторката се осврнува на предизвиците на новата организациона поставеност и улога на синдикатите во услови на промена на карактерот на: политичкиот, економскиот и правниот систем на државата од договорна во пазарна економија и приватизација на општествениот капитал. Исто така, се фокусира на правото на синдикално организирање како основно човеково право, синдикалното движење во РМ на прагот на транзицијата, неговата реформа и предизвици за новото време, синдикалниот плурализам, конфликти меѓу синдикатите, позицијата и улогата на синдикатите во изборните процеси во државата, итн. Третиот дел се однесува на:„Сопственичката трансформација во Република Македонија”, во кој авторката темелно ја анализира правната рамка на трансформацијата на претпријатијата со општествен(државен) капитал и негативните појави поврзани со овој процес, како што се: стечаи и ликвидација на претпријатија, прогласување на технолошки вишок, принуден одмор на работниците, претпријатија загубари со блокирани жиро-сметки, и др. Четвртиот дел е посветен на:„Животниот стандард на работниците и економските и социјалните политики во Република Северна Македонија”. 444 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten