Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Вовед Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи на Советот на Европа, попозната како Европска конвенција за човекови права, претставува прв меѓународен инструмент со кој суверени држави се согласиле да бидат правно обврзани, на секој во рамките на нивната надлежност да му обезбедат цел спектар на човекови права и слобо­ди, како и да воспостават супранационален контролен систем заради обезбедување на нивните обврски согласно Конвенцијата, односно да го воспостават Европскиот суд за чо­векови права во Стразбур. Правата коишто се гарантираат со Конвенцијата претставуваат минимален стандард. Имено, државите потписнички на Конвенцијата имаат обврска да обезбедат минимал­но ниво на заштита на човековите права, во согласност со нивото коешто го наложува Европската конвенција за човекови права. Но, од друга страна, државите се слободни да обезбедат и повисоко ниво на заштита од нивото што го наложува Конвенцијата како ми­нимален стандард. Притоа, системот за заштита на човековите права и слободи утврдени со Конвенцијата се темели врз принципот на супсидијарност. Ова значи дека задачата да се обезбеди примена на Конвенцијата првенствено им припаѓа на државите-членки на Конвенцијата, додека Европскиот суд за човекови права треба да интервенира само кога државите не успеале да ги исполнат своите обврски согласно Конвенцијата. Европската конвенција за човекови права, како меѓународен договор кој е ратификуван од страна на Собранието на Република Северна Македонија и станал дел од домашниот правен систем, е директно применлива и има директен ефект. Директната спроведливост на меѓународните договори пред националните судови и предноста на меѓународните договори во случај на конфликт со одредби на законите е предвидена со член 118 од Ус­тавот на Република Северна Македонија, според којмеѓународните договори што се ра­тификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот поредок и не може да се менуваат со закон. Судот во Стразбур има централна улога во европскиот систем за заштита на основните права и слободи, вклучително и во заштитата на основните права и слободи во однос на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Европската конвенција за човекови права стана незаменлив инструмент за заштита на човековите права во Република Север­на Македонија. Имено, имајќи предвид дека Република Северна Македонија е договорна страна на Конвенцијата, секое лице под нејзина надлежност кое смета дека нејзините или неговите права и слободи гарантирани со Конвенцијата се повредени, има можност да поднесе индивидуална жалба директно до Европскиот суд за човекови права. Сепак, за да може Европскиот суд за човекови права да се впушти во одлучување за ос­нованоста на жалбените наводи истакнати во индивидуалната жалба, односно дали во конкретниот случај постои повреда на некое од правата заштитени со Европската конвен­ВОВЕД 9