Buch 
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ Европската конвенција за човекови права(ЕКЧП или Конвенцијата) e меѓународен до­говор за човекови права кој овозможува исклучително висок степен на индивидуална заштита. Таа претставува прв меѓународен договор со кој државите потписнички се обвр­зуваат дека ќе им обезбедат одредени права на лицата кои се наоѓаат во рамки на нивната надлежност. Во оваа смисла, на лицата што сметаат дека државата ги повредила нивните права заштитени со Конвенцијата и кои ги исцрпиле домашните правни лекови, Конвен­цијата им гарантира можност да се обратат до Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП или Судот) како судска инстанца воспоставена со Конвенцијата, и да бараат заштита на нивните права. Истовремено, Конвенцијата дава можност до Судот да бидат поднесени и жалби од страна на држави-потписнички на ЕКЧП против други држави-потписнички заради повреда на одредби на Конвенцијата. 1 ЕКЧП е усвоена на 4 ноември 1950 година, во Рим, а стапила на сила на 3 септември 1953 година. Таа е креација на Советот на Европа(СЕ), меѓународна организација со седиште во Стразбур, основана во 1949 година, веднаш по Втората светска војна, со цел зајакну­вање на: културниот, социјалниот и политичкиот живот во Европа и унапредување на: човековите права, демократијата и владеењето на правото. ЕКЧП е создадена, пред сè, како реакција на ужасните последици што ги оставила Втората светска војна. Причините за донесување на ЕКЧП се должеле, главно, на потребата да се обезбеди заштита на одре­дени основни права и слободи, како и да се придонесе кон воспоставувањето на стабилни демократии ширум Европа, кои ќе се раководат од принципот на владеење на правото. Овие поставени цели се најизразени преку можноста до ЕСЧП да се поднесуваат индиви­дуални жалби за заштита на индивидуални права, како и преку можноста да се поднесу­ваат меѓудржавни жалби. 2 Конвенцијата обезбедила каталог на основни човекови права и слободи. Исто така, таа во тоа време воспоставила три институции кои се одговорни за нивното спроведување, и тоа: Европската комисија за човекови права, Европскиот суд за човекови права и Комите­тот на министри. Имено, со усвојувањето на Конвенцијата се направени првите конкрет­ни чекори кон колективно спроведување на одредени права заштитени со Универзална­та декларација за човекови права. Иако првично Конвенцијата била склучена само меѓу 1  Council of Europe, Practical Impact of the Council of Europe Monitoring Mechanisms in Improving Respect for Human Rights and the Rule of Law in Member States , Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2014, p. 8. 2  Харис, Дејвид Ј., ОБојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, ОБојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права ,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 1. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 12 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур