III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ Предмет на преглед и анализа во ова поглавје се пресуди и одлуки донесени од страна на Европскиот суд за човекови права во однос на Република Северна Македонија, при што фокусот е ставен на примената на критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права. Имено, се анализира, главно, само делот во контекст на оцената на Судот во врска со причините за(не)допуштеност на жалбите поднесени пред Судот во Стразбур, во однос на Република Северна Македонија. Предметите се селектирани со цел да се опфатат различни критериуми за допуштеност кои биле разгледувани од страна на Судот, при што анализираните пресуди и одлуки се претежно од понов датум. 1. ИЛЈАЗ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 697 → Допуштеност на жалбениот навод според член 3 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) како споив ratione materiae (постои потребното минимално ниво на сериозност во врска со наводното малтретирање на жалителот) → Допуштеност на жалбениот навод според член 3 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) заради исполнување на обврската за исцрпување на домашните правни средства(приватната кривична тужба и граѓанското тужбено барање за надомест на штета не претставуваат домашни правни средства кои треба да се искористат во конкретниот случај за целите на споменатата одредба) Кратко резиме на случајот Овој случај се однесува на пропуст сторен од страна на домашните власти да ги истражат наводите за физички напад и закани упатени кон жалителот од страна на физичко лице [во контекст на локалните избори]. 698 Според жалителот, утрото на 29 октомври 2017 година, неговиот сосед С. Ф. го удрил со тупаница по лицето, со дрвена палка по главата и телото и вербално му се заканил, при што детето на жалителот било присутно и било сведок на нападот. Во медицинската белешка издадена истото утро, inter alia , било наведено дека апликантот бил„повреден во физички 697 Iljaz v. North Macedonia , no. 53040/19, 20 February 2024. 698 Iljaz v. North Macedonia , Subject matter of the case, 30 August 2021 III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 121
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten