За авторката Проф. д-р Јелена Ристиќ е вонреден професор во наставно-научната област Човекови права и слободи на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Правниот факултет„Јустинијан Први” при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде во 2016 година ја одбранила докторската дисертација на тема„Правото на интелектуална сопственост и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права” и се стекнала со научен назив доктор на правни науки од областа на меѓународното право. Во 2022 година завршила едногодишна постдокторска програма по нови технологии и право на Медитеранскиот меѓународен центар за истражување на човековите права при Универзитетот„Медитеранеа“ во Реџо Калабрија, Италија. Нејзиното професионално искуство вклучува дваесетгодишно работно искуство во правната област, вклучително и во рамки на повеќе меѓународни организации и институции, меѓу кои се: Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Американската адвокатска комора Иницијатива за владеење на правото(ABA ROLI), Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој(USAID) и други. Определен период работи и како извршен директор на Адвокатската комора на РСМ. Од 2018 година е заменик-претседател на Адвокатската комора на РСМ и член на Управниот одбор на Адвокатската комора на РСМ. Исто така, таа е член на Програмскиот совет на Центарот за едукација на Адвокатската комора на РСМ и адвокат од 2015 година. Експерт е на Советот на Европа за повеќе области поврзани со човековите права и сертифициран обучувач на Советот на Европа во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци(HELP). Во 2021 година е избрана за член на Консултативниот одбор на Европската програма за едукација за човекови права на правни професионалци на Совет на Европа(HELP). Со свои трудови и реферати остварила учество на седумдесетина научни и стручни собири во земјата и во странство. Била раководител и била вклучена како експерт во рамки на повеќе меѓународни и национални проекти во врска со реформите во правосудниот сектор, владеењето на правото и човековите права. Исто така, била и член на работни групи при Министерството за правда за изработка на закони, како и член на комисии за изработка на подзаконски акти. Автор е на педесетина научни и стручни трудови, претежно од областа на меѓународното и европското право за човекови права, меѓу кои и книгите:„Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права(со посебен осврт на критериумите за допуштеност)“ и„Интелектуалната сопственост како човеково право: Заштита пред Европскиот суд за човекови права“. Контакт: jelena.ristic@isppi.ukim.edu.mk jristik@hotmail.com 204 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten