при управувањето со ограничените ресурси . С2С верува дека вработените во јавната администрација можат да го искористат влијанието што го имаат преку нивната секојдневна работа за да дефинираат и спроведат конкретни чекори кои ќе водат кон вистинска циркуларна економија според принципите на C2C. Притоа, C2C како позитивен пристап не повикува само на промени во работењето, туку влијае и врз промена на перспективата. Целта не е да се создаде чувство на вина, туку да се понудат решенија, да се придонесе за квалитетот на животот , а притоа имплементацијата да носи придобивки и задоволство за сите! 1.2 Зошто е потребен овој прирачник? Овој прирачник има за цел да понуди почетна поддршка за сите лица во јавната администрација кои се занимаваат со теми како што се C2С, заштита на климата, ресурсите и животната средина. Овие актери за одржливост се токму оние кои, како амбасадори, можат да ги внесат принципите на C2C во различните сектори на администрацијата. За таа цел, прирачникот содржи широк спектар на идеи и конкретни примери од праксата, но и аргументи кои би можеле да помогнат во процесот на убедување на колегите од различните административни сектори во вредноста и значењето на C2C. C2C може да служи како севкупен концепт за ориентација на општините, но исто така да понуди и практични решенија за конкретни предизвици во секој административен сектор. 1.3 Кому му е наменет овој прирачник? Прирачникот пред сè им е наменет на лица кои во рамки на општинските администрации работат на теми поврзани со заштита на климата, климатската адаптација и одржливиот развој . Тоа може да бидат, на пример, службеници за заштита на климата, менаџери за климатска адаптација или раководители на релевантни одделенија(на пример, оддел за одржлив развој или урбанизам) во локалната самоуправа. Називите на функциите и конкретните надлежности може да варираат од општина до општина. Но , сите тие, меѓу другото, се грижат за тоа меѓународните договори и националните закони поврзани со заштитата на климата да се спроведат и почитуваат на локално ниво.2 2 Повеќе информации за задачите на менаџерите за климатска заштита може да се најдат тука: Почетна иницијатива: Концепт за климатска заштита и климатско управување.[Онлајн] https://www.klimaschutz.de/de/foerderung/foerderprogramme/ kommunalrichtlinie/erstellung-von-klimaschutzkonzeptenund-einsatz-eines-klimaschutzmanagements/erstvorhabenklimaschutzkonzept-und-klimaschutzmanagement (пристапено на 2 август 2023 година). Впечаток за предизвиците во нивната секојдневна работа: Да прашаме! Интервјуа за предизвиците во климатската заштита. [Онлајн] https: //www.klimaschutz.de/de/service/meldungen/mal-nachgef ragtinterviews-zu-herausforderungen-im-klimaschutz (пристапено на 2 август 2023 година), 7
Druckschrift
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten