Druckschrift 
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Како да го разбереме концептотЛулка до лулка? 2. Како да го разбереме концептотЛулка до лулка? Лулка до лулка(или скратеницата C2C од ори­гиналната верзија на германски јазик Cradle to Cradle) е севкупен концепт што ни помага да го промениме начинот на размислување и да го трансформираме постоечкото линеарно економ­ско уредување на нашите системи во вистинска циркуларна економија со социјална додадена вредност. Овој концепт ја поврзува заштитата на климата и на ресурсите и применува ино­вативни решенија за еколошки, економски и социјални предизвици, бидејќи меѓусебно повр­заните проблеми можат да се решат само преку интегриран пристап. 2.1 Промена на размислувањето: мисловната школа на C2C Со оглед на с ѐ она што се случувало во изминати­те 100 години, не е ни чудо што човекот честопати себеси се доживува себеси како штетник. Но, ток­му тоа саморазбирање води кон погрешна стра­тегија за решавање на проблемите: со децении се обидуваме да правиме помалку погрешни работи преку ограничувања и намалување на нашето дејствување(пр. помалку отпад). Оваа стратегија, сепак, не се справува со коренот на проблемот кој длабоко лежи во линеарниот економски си­стем кој не води сметка за обнова на ресурсите. А зошто е тоа така? Па затоа што помалку лошо или помалку погрешно, не значи автоматски и добро . Ако испуштаме малку помалку CO₂ во атмосферата или трошиме помалку од ограни­чените ресурси, можеме само да ги забавиме последиците, но не и да ги решиме. На глобално ниво, оваа стратегија на одрекување, во услови на растечко светско население и нееднакви нивоа на благосостојба, не е ниту реална ниту доволна. Од друга страна, климатски и реурсно­позитив­ниот пристап може навистина да нѐ придвижи напред: нашата цел треба да биде да ја негуваме и унапредуваме планетата Земја како основа за живот , а не само да ја сочуваме што честопати се гледа на одредени активистички пароли. Тоа значи, преку нашето дејствување да создадеме вредност , без разлика дали е тоа во јавниот живот, образо­ванието, културата или економијата. C2С ги засега сите аспекти на нашиот живот. Со примени на оваа стратегија, наместо да се доживуваме како штет­ници, можеме себеси да се гледаме како корисни суштества кои оставаат позитивен отпечаток врз планетата Земја и светот. За тоа, потребно е да ги разбереме поврзаностите и да пронаоѓаме сев­купни решенија за комплексните предизвици на нашето време . На пример, начинот на кој се од­несуваме кон ресурсите, директно влијае врз кли­мата. Според ова, треба да го промениме и нашиот однос кон ограничените суровини и на тој начин да предизвикаме позитивно влијание врз климат­ските услови. Но, за да дојдеме дотаму, мораме да мислиме истовремено на овие два аспекта. Природата ни покажува дека живите и разно­видни системи се попродуктивни, поотпорни и поздрави од еднообразните. Токму оваа вистина можеме да ја поддржиме и искористиме со на­шата човечка креативност , на корисен начин во сите животни области. Ефективноста мора да има предност пред ефикасноста , зашто само кај производи и процеси кои имаат позитивно влијание, оптимизацијата има некаква смисла. 10