2.2 Преобликување: дизајнерскиот концепт на C2C Како луѓе, за да се чувствуваме како корисни суштества, мораме да дејствуваме на корисен начин . Тоа го постигнуваме со производи што создаваат додадена вредност и за луѓето и за природата. Затоа е клучно производите да се дизајнираат врз основа на нивната конкретна намера на користење . Кои функции треба производот да ги извршува и во каков контекст? Ќе циркулираат ли неговите составни делови во биосферата , техносферата или во двете? Ако компонентите на производот завршуваат во животната средина, тие мора да бидат погодни за биосферата. Ако не, тогаш производот мора да може да циркулира во техносферата. Критериумот за циркуларност се постигнува кога производите од самиот почеток се дизајнирани така што нивните материјали ќе можат повторно да се користат во биолошки или технички циклуси, како хранливи материи или суровини за нешто ново . При изборот на материјали, пресуден е критериумот на здравствена безбедност на материјалите : производите треба да се состојат само од компоненти кои, во рамки на своето користење, немаат штетно влијание врз луѓето и околината . Во производството и во услужниот сектор, фер работните услови мора да станат златен стандард. Освен тоа, сите производи треба да се произведуваат исклучиво со обновлива енергија . Сонцето произведува повеќе од доволно енергија, но суровините што се потребни за нејзино претворање во струја, не се неограничени . Во производството, како и во градежништвото и земјоделството, водата мора да се одржува чиста и во затворени циклуси , управувањето со стакленички гасови треба позитивно да влијае врз квалитетот на воздухот , а регенеративното користење на земјиштето треба да создава плодна и здрава почва. 2.3 Промена на насоката: создавање услови за C2C Потребната трансформација, која започнува со промена во размислувањето и дизајнот , мора да биде поддржана и забрзана преку сигурни и насочени политички и економски рамки . Овие рамки треба да создаваат поттик за климатско и ресурсно-позитивно однесување , а линеарното размислување и постапување да го направат неисплатливо. Во една C2C пазарна економија , вредноста се мери според тоа дали економското дејствување води кон долгорочна и континуирана социјална, економска и еколошка добробит . Тоа е можно само преку реални цени кои ги вклучуваат надворешните здравствени, еколошки и социјални трошоци на линеарниот систем. Квалитетните критериуми на C2C дизајнот се основа за пазарната применливост на нови производи. Така се обезбедува ресурсите земени од биосферата, по употребата, повторно да се вратат во неа , или пак, да циркулираат во техносферата . Циркуларните бизнис-модели, како услугите , поправките и реновирањето , мора да станат новото нормално . Потребно е да се развие нов пазар што ќе овозможи поврат на суровините , нивно обновување , и нивна повторна достапност на вистинското место, во вистинското време . Оваа циркуларна логистика мора да ги опфати сите сектори и индустрии . За тоа се неопходни дигитални процеси , за кои пак, е потребна многу побрза дигитализација , вклучително и на инфраструктурата. Сите информации за составот на производите , производствените процеси , условите на производство , корисничките информации , како и општите текови 11
Druckschrift
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten