Druckschrift 
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

3.1 Разбирање на колегите 3.1.1 Што всушност работат секторите за јавни набавки во општините? Задачата на општинските сектори за јавни набавки е централно да ги набавуваат стоките и услугите што им се потребни на сите општински сектори, во согласност со прописите и упатства­та за набавки: хартија и канцелариски материја­ли, општинскиот возен парк, средства за чистење и одржување, храна во училиштата и другите општински институции, облека за пожарникари и медицински персонал, изградба и одржување на патишта и јавните згради и др. Без оглед на тоа дали се пропуштени или додадени средства кои се во или вон надлеж­ност на општината, сепак јасно е дека секторот за јавни набавки е одговорен за набавка на широк спектар производи и услуги. Затоа , доколку општините ги земат предвид социјално одржливите и еколошките аспекти при купу­вање стоки и услуги, тоа ќе има релевантни ефекти врз климата, заштитата на животната средина и ресурсите, како и врз почитување на фер услови за работа, индиректно преку избо­рот на добавувачи и производители . 10 3.1.2 Предизвици со кои се соочуваат секторите за јавни набавки во општините Недостаток на квалификуван персонал: овие сектори честопати немаат доволно зна­ење за С2С и одржливите набавки . Недостаток на време: поради ограничени­от персонал, честопати нема доволно време за потребната обука. Недостаток на политичко водство и стра­тегија: недостатокот на политичка под­дршка може да го отежне усогласувањето на набавките со C2C и одржливите концепти . Недостаток на комуникација: недостатокот или несоодветната комуникација помеѓу секторот што го поднесува барањето и сек­торот што ја врши набавката , може да го комплицира преминот кон набавк и според С2С . Недостаток на финансиски ресурси: недо­статокот на пари може да доведе до тоа цената да биде главен критериум при вршење на набавките, а социо-еколошките аспекти да добијат помал приоритет. 10 https://www.oeko.de/forschung-beratung/themen/konsum-und­unternehmen/nachhaltige-oeffentliche-beschaffung-wie-kauft-die­verwaltung-ein 17