Druckschrift 
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Регионален развој и поддршка и структурна трансформација 7. Регионален развој и поддршка и структурна трансформација " C2С е предизвик, бидејќи мора да ги преиспитаме нашите вообичаени процеси. Кон здрав и исплатлив економски систем, кон свет без отпад, со материјали што навистина имаат вредност и со згради што носат вредност за време на и по нивната употреба. Гаузелман, прва градоначалничка на Менхенгладбах, на C2C Конгресот на 4.11.2021 г.49 7.1 Економски развој и поддршка на бизниси Зошто C2C може да придонесе за одржлив регионален развој и трансформација на општините? C2C може да послужи како иновативен при ­стап за долгорочен и одржлив економски развој на регионално и локално ниво. Новите бизнис-модели според C2C-принципите отво ­раат нови деловни можности и даваат пози ­тивни импулси за развој на регионална еко ­номија што е и еколошки здрава и економски исплатлива. Општините се соочуваат со бројни(економски) предизвици: демографските промени и старе­ењето на населението, иселувањето на квалифи­кувана работна сила од руралните кон урбаните средини, дигитализацијата, како и ограничените финансиски ресурси.50 Особено регионите со слаба структура имаат потреба од долгорочни и стабилни решенија за да го зајакнат својот еко­номски потенцијал и да станат поотпорни за иднината. Во овој контекст, C2C може да помогне како иновативен пристап: поддршката на пилот-проекти според C2C може да ја зголеми атрактивноста на општината и да го поттикне економскиот развој на регионот. Општини што активно ги промовираат иновативните реше­нија на C2C, стануваат атрактивни локации за економија и наука, особено за стартапи и ино­вативни компании. Сеопфатниот C2C-пристап овозможува соработка со различни(економски) актери од области како што се: градежништво, јавни набавки, транспорт итн. Ова ја поттикнува изградбата на економски мрежи и партнерства на локално и регионално ниво. C2C може да се применува и како водечка визија за регионална стратегија на циркуларна економија, поттикну­вајќи долгорочна промена во односот кон ресурсите. 49 https://preview.mailerlite.com/t3l7z4 50 https://publicgovernance.de/media/Studie_Zukunft_Kommunen.pdf Пристапено на 31.7.2023 г. 54