Druckschrift 
80 AFZ Godina : Antifašistički front žena
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Ивана Хаџиевска 60 80 GODINA AFŽ РЕФЕРАТИ Ивана Хаџиевска Фокусот на нејзините истражу ­вачки интереси се: историјата, филозофијата на историјата, културата на сеќавањето, истра ­жувањето на родот. Пишувајќи неодамна за првото женско гла ­сило во Македонија, списанието Македонка органот на Антифа ­шистичкиот фронт на жените, Ивана ја истакна политичката мотивација за основање на списа ­нието што е актуелна и денес:... јакнење на положбата на жените како градителки на државата, утврдување на нивното право на масовно и активно учество во сите професии и тела на власта, како и поврзување на жените од цела Југославија за заеднички да го решатженското прашање. Едноставната и строга историска на­рација на жените во 20. век еист­каена од две нитки на трудот и војните. Масовното вработување во индустриското производство, двете светски војни и комунистичката ре­волуција неповратно ги измениле социјалните улоги во приватниот и јавниот простор. Во политички­от простор, женските движења за рамноправност и економска еман­ципација изградиле идеолошки платформи што се преплетувале со националната и државната изградба во 20. век. Учеството на женско на­селение во: револуционерните, на­ционалните и герилските движења за време на Втората светска војна ги претставуваат основните полигони на женското учество во создавањето на политичката историја на светот, а истовремено претставуваат и фасци­нантна приказна за човечката борба и потреба за цивилизациски скок на­пред. И жените од Македонија низ органи­зираното антифашистичко движење станале дел од историјата. Тој про­цес се финализирал за време на Вто­рата светска војна. Во обемната до­кументациска збирка од 1976 година за учеството на жените во НОБ се на­оѓаат: 5 752 биографски белешки на партизанки; 141 жена од Македонија го носи признаниетоПартизанска споменица 1941; 7 жени се прогла­сени за народни херои: Мара Нацева, Оливера Јоциќ Вера, Ибе Паликуќа, Естреја Овадија Мара, Елпида Кара­манди, Вера Ацева, Фана Кочовска. 61