Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

80 ГЛАВА 3 ЛЕГАЛИТЕТ, ПОЛИТИЧКИ ЛЕГИТИМИТЕТ, МОЌ И АВТОРИТЕТ Законите се израз на волјата на граѓание и се донесуваат во однапред утврдена постапка Права и слободи на човекот и граѓанинoт Постоење на повисок закон Начело на легалитет Поделба на власт Независно судство Контрола на уставноста на правните акти Забрана за ретриактивно дејство на законите Слика 4. Принципи и категории опфатени со начелото на легалитет. 2. НАЧЕЛО НА ЛЕГИТИМИТЕТ 2.1. И СУШТИНА НА ПОЛИТИЧКИОТ ЛЕГИТИМИТЕТ Начелото на легитимитет претставува предмет на проучување на политичкиот систем како научна дисциплина. Сепак, погрешно би било да се ограничи проучувањето на ова начело единствено од страна на политичкиот систем како наука и политичките науки. Иако легитимитетот има централно место на проучување од стра ­на на политичките науки, начелото е предмет на проучување и од страна на: правните науки, социологијата, филозофијата и поли ­тичката антропологија. Оттука, постојат многубројни и различни дефиниции и објаснувања на поимот легитимитет. Независно од ова, кога ќе се спомене терминот легитимитет постои едно општо сфаќање за тоа што се крие зад него. Така, идејата за легитимите-