Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 91 2.3. КРИЗА НА ЛЕГИТИМИТЕТОТ Прашањето за политичкиот легитимитет не било секогаш актуелно. Периодот по завршувањето на Втората светска војна е период кога правната и економската нестабилност на системите имала цен трално место на проучување од страна на: правните, политичките и економските науки. Дури, периодот од 70-тите години на минатиот век го актуализира прашањето за проучувањето на легитимитетот и уште повеќе прашањата кои се однесуваат на дефицитот на леги тимитетот и кризата на легитимитетот. Се чини дека овие теми во современи услови се постојано во фоку сот на проучување и анализа. Некои истражувања покажуваат дека иако генерално барањата на граѓаните и, воопшто, аспирациите за демократија се високи, вербата, поддршката и согласноста на граѓа ните кон институциите на системот е во постојан пад. 20 Оваа„еро зија“ на легитимитетот во институциите на системот и континуира ното опаѓање на„нивоата“ на поддршка, во современите демокра тии се загрижувачки и неминовно го актуализираат прашањето од можната појава на криза на легитимитетот. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Кризата на легитимитетот се однесува на: падот на довербата, поддршката, согласноста којашто треба да ја ужива политичкиот систем. Кризата на легитимитетот се однесува на падот на: довербата, поддршката, согласноста која треба да ја ужива политичкиот систем. Терминот првпат бил воведен во 1973 година од германскиот филозоф и социолог Јирген Хабермас. Настанувањето на кризата на легитимитетот, Хабермас ја врзува со губењето на капацитетот и способноста на политичкиот систем да ги извршува функциите и целите за кои е воспоставен. Во современи услови сите дебати кои се водат околу легитимите тот, речиси секогаш се насочени кон: ■ Стабилноста на политичкиот систем; ■ Капацитетот, односно способноста на воспоставениот поли тички систем да ги разрешува проблемите и да одговори на: барањата, желбите и преференциите на граѓаните. Имено, секој политички систем зависи од неговото признавање и прифаќање од страна на граѓаните. Всушност, граѓаните се оние кои мораат да ги почитуваат и да се„подведат“ на законите и, воо пшто, да ги прифатат одлуките кои ги донесуваат институциите во 20 Severs Eline& Mattealer Alexander. A Crissis of Democratic Legitimacy? It`s about Legitimation, European Policy Biref, EGMONT Royal Institute for International Relations.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten