130 ГЛАВА 4 ДЕМОКРАТИJА Врз принципот на мнозинство е заснована Вестминистерската де мократија од Обединетото Кралство, која и се нарекува мнозинска демократија. Таа се карактеризира со концентрација на власта во еднопартиски кабинет кој е поддржан од тесно мнозинство во Пар ламентот. Пратениците во Парламентот се избираат со мнозински изборен модел што доведува до двопартиски систем. Она што е клучно за мнозинските демократии е дека се применуваат во хо могени општества, односно во земји во кои има поширок консензус околу стратешките цели на државата. За хомогеното општество не се опасни несогласувањата меѓу учесниците во политичкиот про цес бидејќи кога луѓето во основа се сложни, тогаш лесно можат да си дозволат несогласување. КЛУЧНИ ПОЕНТИ „Разумен“ консензус – во процесот на спогодување може да се земат предвид само разумните мислења, а неразумните мислења („аутсајдерите“) се исклучуваат од спогодувањето. Но, според кој критериум ќе се прави разликувањето на разумни и неразумни мислења? КЛУЧНИ ПОЕНТИ Погоден простор за остварување на консоцијалната демократија се сегментираните општества. 4. КОНСОЦИЈАЛНА ДЕМОКРАТИЈА 4.1. НА КОНСЕНЗУС И ПОИМОТ НА КОНСОЦИЈАЛНА ДЕМОКРАТИЈА Критичарите на мнозинскиот принцип на одлучување, како негова подемократска алтернатива го истакнуваат принципот на консен зус. Теоретски поставен, консензусот значи дека е постигната општа согласност на сите по определено прашање, со што се исклучува опасноста од тиранија на мнозинството. Но, практично погледна то, прашањето на консензус доведува до сознанието дека тешко, па дури и воопшто не може да се постигне вистинска согласност и при фаќање на определена одлука од страна на сите субјекти. Од овие причини, во теоријата се воведува концептот на„разумен“ консен зус. 39 Овој концепт се темели врз претпоставката дека во процесот на спогодување може да се земат предвид само разумните мислења и со тоа неразумните мислења(„аутсајдерите“) се исклучуваат од спогодувањето. Но, проблемот при овој концепт е според кој крите риум ќе се прави разликувањето на разумни и неразумни мислења. И покрај тоа, принципот на консензус, како основа на одлучувањето во една заедница, станува многу актуелен во консоцијалните демо кратии каде е карактеристична соработката и согласувањето меѓу различните елити, а не натпревар и мнозинско решавање. Погоден простор за остварување на консоцијалната демократија се општест ва во кои постојат различни етнички, религиозни или јазични гру 39 Christoph Gusy,„Princip konsenzusa ili demokracija“, Naše teme, Zagreb, 1989/4, стр. 739.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten