142 ГЛАВА 4 ДЕМОКРАТИJА Б – христијани и В – христијани. Доколку постојат расцепи што се вкрстуваат, сегментите чувствуваат повеќе кохезивни сили меѓу нив, што ја засилува нивната меѓусебна соработка и го олеснува по стигнувањето консензус. Покрај овие фактори, постоењето на надворешна опасност и зака на може да ги обедини сегментите и да го зголеми потенцијалот за соработка меѓу нив. Исто така, битно е и постоењето на одреден степен на економско-социјална еднаквост. Ако е различна економ ската моќ на сегментите, потешко ќе биде нивното учество во по делбата на власта. 4.4. ДИЛЕМИ НА КОНСОЦИЈАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА Консоцијалната демократија може да постои доколку мнозинството прифаќа дека малцинството мора да има активна улога во политички от живот на државата, но и доколку малцинството има желба подел бите да се надминат, а не да се зголемат. Добра институционална рам ка за воспоставување на консоцијална демократија се парламентар ните системи со пропорционален изборен модел, како и општествата со географски концентрирани сегменти, односно федерални систе ми. Воспоставувајќи се во сегментарни(поделени) општества, во при родата на консоцијалната демократијата не е да ги укинува и ослабу ва поделбите, туку да го признава постоењето на сегментите и да ги претвори во активни чинители во политичкиот живот. На консоцијалната демократија ѝ се упатуваат бројни забелешки и критики. 1. На консоцијалната демократија ѝ се забележува дека е недовол но демократична и тоа заради неколку причини: ■ Во консоцијалната демократија сегментот ја апсорбира инди видуата и користејќи ги правата на групата се поставува меѓу поединецот и власта и со својата хомогеност врши притисок врз поединците. Значи, се јавува проблем со слободата и ед наквоста на поединците, бидејќи консоцијалната демокра тија повеќе се интересира за еднаквоста на групите, отколку на поединците. ■ Во консоцијалната демократија постои релативно слаба и мала опозиција или таа воопшто не постои. ■ Во консоцијалната демократија партиските лидери ги зазе маат клучните координативни улоги, заради што се смета
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten