Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

164 ГЛАВА 5 НЕДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМИ Политички партии и избори во ваквите системи или се забранети или, пак, претставуваат само фасада. Сепак, интересно е да се спо ­мене дека кралот во ваквите режими практикува посебни консул ­тативни средби на кои било кој припадник на државата може да постави прашање и да ги истакне своите проблеми. Ваквите кон ­султативни средби создаваат впечаток дека гласот на народот се слуша. 38 Преку тоа, кралевите во ваквите системи се трудат да пока ­жат определена отвореност и отчетност кон своите граѓани. Денес, вакви авторитарни монархии може да се забележат во: Саудиска Арабија, Катар, Обединети Арапски Емирати, Кувајт и Оман. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Во персонализи­раните режими сите политички одлуки се во рацете на ав­торитарниот лидер, чија власт не зависи ниту од политичката партија, ниту од армијата. 3.2. ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ РЕЖИМИ Персонализираните режими претставуваат едни од најбруталните ав ­торитарни режими. Тоа е така бидејќи во ваквите режими целата власт лежи во рацете на еден поединец. 39 Иако ваквиот поединец често е дел од армијата или, пак, е лидер на политичка партија, сепак, ниту армијата, ниту, пак, партијата имаат улога во креирањето на политиките и соста ­вот на режимската елита. Напротив, авторитарниот лидер во персонали ­зираните режими намерно ја слабее позицијата на партијата и армијата со цел да спречи било какви обиди за оспорување на неговата позиција. 40 Така, во персонализираните режими сите политички одлуки, како и се ­лекцијата на режимската елита е оставена во рацете на авторитарниот лидер. 41 Станува збор за режими во кои се говори за преголема концен ­трација на моќ во рацете на еден поединец. Власта на авторитарниот лидер е неограничена. Таквата преголема концентрација на моќ и тотал ­но неограничено владеење предизвикува лидерите во ваквите режими често да прибегнуваат кон голема бруталност и репресија за да останат на власт. Тоа е и причината заради која лидерите од персонализираните режими најчесто се опишуваат како најнемилосрдните лидери во рам ­ките на авторитарните режими. 42 Затоа, лидерот во персонализираните режими е познат и под термините: султан, автократ, тиранин и диктатор. Во остварувањето на власта на ваквиот авторитарен лидер му помага репресивна елита која е избирана исклучително врз основа на лојалност 38  Ezrow and Frantz, Dictators and Dictatorships Understanding Authoritarian Regimes and Their Leaders, 5. 39  Gustav Liden,Theories of Dictatorships: Sub-Types and Explanations, Studies of Transition States and Societies Vol 6/ Issue 1(2014): 54. 40  Genna and Hiroi, Exploring Politics[A Concise Introduction], 131. 41  Ibid. 42  Ezrow and Frantz, Dictators and Dictatorships Understanding Authoritarian Regimes and Their Leaders, 235.