168 ГЛАВА 5 НЕДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМИ Примери на персонализирани авторитарни режими: • Ирак, Садам Хусеин; • Шпанија, Франциско Франко; • Либија, Муамер Гадафи; • Уганда, Милтон Оботе КЛУЧНИ ПОЕНТИ Во воените режими армиската елита преку воен удар ја презема и ја контролира власта. 3.3. ВОЕНИ РЕЖИМИ Воените режими како тип на авторитарни режими настапуваат во состојба кога војската спроведува воен удар, ги симнува од власт цивилните власти и ја презема политичката власт во свои раце. Практично, воените режими се дефинираат како системи во кои ви соки армиски лица ја контролираат власта, одредуваат кој ќе упра вува со државата и имаат влијание врз политиката. 51 Станува збор за режими во кои армиската елита ја контролира политичката моќ. Тоа говори дека не е доволно само лидерот на режимот да биде дел од армијата, туку за да се воспостави воен режим потребно е и ре жимската елита да се поврзува со војската. Притоа, организацијата на воените режими има тенденција да ја одразува организацијата на самата војска, односно имајќи предвид дека армиите се каракте ризираат со цврста кохезивна и дисциплинирана организација, сосема за очекување е дека и воените режими ќе имаат јасна и цврста хиерар хиска структура. 52 Имајќи предвид дека војската не е симбол за слобо да, туку многу повеќе за дисциплина и репресија, тогаш сосема очеку вано е и воените режими да бидат прилично репресивни и брутални. Токму затоа по спроведување на воениот удар на воспоставувањето на воениот режим му следува суспендирање на уставот, а институциите преку кои опозицијата може да делува, како парламентот и слобода та на медиумите, се потиснуваат или, пак, целосно се укинуваат. 53 Во таа насока, воените режими во својата чиста форма не дозволува ат постоење на политички партии и опозиција. 54 Меѓутоа, треба да се има предвид дека и меѓу воените режими постои голема разноликост. 51 Genna and Hiroi, Exploring Politics[A Concise Introduction], 131. 52 Ezrow and Frantz, Dictators and Dictatorships Understanding Authoritarian Regimes and Their Leaders, 167. 53 Heywood, Politics – Fifth Edition, 127. 54 Van den Bosch,„Personalism: A type or characteristic of authoritarian regimes?“ 24.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten