268 ГЛАВА 7 НАЦИJА И НАЦИОНАЛИЗАМ дека сами по себе не се доволни во објаснувањето на настанокот на нацијата. Несомнено, сите овие фактори се особено значајни во дефинирањето на поимот, но погрешно би било да се даде примат само на еден од нив, како исклучителна одредница. Објаснувањето на факторите кои довеле до формирањето на една нација однапред не значи дека истите биле претпоставка за формирање на друга на ција. Затоа, во поблиското определување на поимот нација се смета дека е посоодветен пристапот на анализирање на нејзиниот однос кон: државата, расата, јазикот, религијата, итн. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Конструкцијата „нација-држава“ сe употребува за да се укаже дека населението на територијата на една суверена држава ѝ припаѓа на една нација . 2.1. НАЦИЈА-ДРЖАВА Конструкцијата„нација-држава“ e често употребувана конструк ција која имплицитно упатува на тоа дека населението на терито ријата на една суверена држава ѝ припаѓа на една нација . Зачетоците на идејата за постоење на„нација-држава“ треба да се бараат во пе риодот од 1789 година и Француската буржоаска револуција, кога е артикулирана идејата дека државата треба да ги обединува ин тересите и правата на граѓаните со единствен национален иденти тет. Почнувајќи од првата половина на XX век, создавањето на„на ција-држава“ претставува израз на политичкиот идеал и желба за оформување на националниот идентитет во една суверена држава. Слика 1. Палатата на нациите, Женева, Швајцарија.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten