Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

284 ГЛАВА 7 НАЦИJА И НАЦИОНАЛИЗАМ 4.3. ЕКСПАНЗИОНИСТИЧКИ НАЦИОНАЛИЗАМ Експанзионистичкиот национализам претставува посебен вид на ­ционализам кој е агресивен и милитаристички. Овој вид национа ­лизам го обединува патриотското чувство што една нација го раз ­вива, од една страна, со верувањето за нејзината супериорност, до ­минација и потреба за експанзија, од друга страна. Оттука, за овој национализам не е специфичен постулатот за ед ­наквоста на нациите и нивното право на самоопределување, туку, напротив, постулатот дека некои нации имаат такви обележја и квалитети кои ги прави супериорни, надредени во однос на оста ­натите. Водени од ваков национализам, државите неретко во на ­дворешната политика ја вметнуваат идејата за прекројување или ремоделирање на границите и проширување на својата територија. Карта на колониите на aфриканскиот континент по Конференцијата во Берлин од 1884 година Извор: The Author(s) 2020 E. Idemudia and K. Boehnke, Psychosocial Experiences of African Migrants in Six European Countries, Social Indicators Research Series 81, https://doi.org/10.1007/978-3-030-48347-0_7 Слика 5. на териториите на aфриканскиот континент на Берлинската конференција од 1884 година.