Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 367 Тоа значи дека мнозинските изборни модели најчесто се поврзува ат со едномандатни изборни единици , односно со изборни едини ци во кои се избира по еден кандидат. Според тоа, користењето на мнозинските изборни модели налага креирање на онолку изборни единици колку што се избираат кандидати. Така, доколку се врши избор на 120 претставници според овој изборен модел, тоа ќе значи дека територијата на државата ќе треба да биде поделена на 120 из борни единици и од секоја изборна единица да се избира по 1 прет ставник. Притоа, треба да се има предвид дека постојат различни начини за определување на победникот во рамките на изборната единица. Најчесто, во рамките на мнозинските изборни модели може да се забележи: ■ Мнозински изборен модел со еден круг/плурален модел во кој се избира еден кандидат(First Past the Post); ■ Мнозински изборен модел со два круга. ■ Мнозински изборен модел со алтернативен глас Во современата литература првиот модел сè повеќе се издвојува како посебен изборен модел, а не вид на мнозински изборен мо дел. 46 Овој модел се нарекува плурален модел(First Past the Post) бидејќи кај него не се бара мнозинство за избор на кандидат, туку победува оној кој има најголем број гласови. Но, има и автори кои го третираат како подвид на мнозински модел, без да го означува ат како мнозински, туку го нарекуваат плурален модел. 47 Вториот модел, всушност, се смета за мнозински изборен модел и се нареку ва мнозински изборен модел во два круга. Во последните неколку децении започнува да се забележува и примената на мнозинскиот изборен модел со алтернативен глас. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Во рамките на теоријата и праксата најчесто се зборува за три вида на мнозински изборни модели, и тоа: со еден круг, со два круга и со алтернативен глас. 3.1. ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ЕДЕН КРУГ/ ПЛУРАЛЕН МОДЕЛ(FIRST PAST THE POST) Токму оваа варијанта на мнозинскиот изборен модел за првпат посуштински почнала да се применува во Обединетото Кралство, заради што овој изборен модел може најчесто да се сретне во таа земја и во земјите кои биле нејзини колонии. 46 David М. Farrel, Electoral Systems: A comparative Introduction(New York: Palgrave, 2001), 12. 47 https://publications.gc.ca/Collection-R/LoPBdP/BP/bp334-e.htm#3.%20Singletxt
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten