Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 369 Според правилата на овој мнозинскиот изборен модел веднаш може да се заклучи дека победник е кандидатот Мартин Мартиновски бидејќи тој поседува најголем број гласови. Во рамките на овој из борен модел нема потреба од организирање на втор изборен круг бидејќи победникот се добива уште при првото гласање. Тоа говори дека мнозинскиот изборен модел со релативно мнозинство е ефи касен , економичен и разбирлив за обичните граѓани. Ефикасен, бидејќи победникот лесно и брзо се одлучува, економичен, бидејќи нема потреба од организирање на втор круг и разбирлив за граѓа ните, бидејќи процесот на гласање и одлучување на победник е на вистина едноставен. Сепак, од горенаведениот пример може да се забележат и слабостите на овој мнозински изборен модел. Во горенаведениот пример, победник во изборната единица е кандидатот Мартин Мартиновски, кој од вкупно 100 запишани избирачи во изборната единица успеал да освои само 10 гласови. Практично, Мартин Мартиновски ќе биде претставник на целата изборна единица иако зад него застанале само 10% од вкупниот број на запишани избирачи во изборната единица. Тоа говори дека легитимитетот на кандидатот Мартин Мартиновски е навистина низок. Дополнително, ако се спојат гласовите на Ивана Ивановска и Јован Јовановски ќе се забележи дека во изборната единица по веќе гласачи гласале„против“ Мартин Мартиновски(12 гласачи), от колку„за“ Мартин Мартиновски(10 гласачи). Tаквата реалност, исто така, го доведува во прашање легитимитетот на избраниот канди дат Мартин Мартиновски. Токму врз основа на ваквите критики на мнозинскиот изборен модел во еден круг(First Past the Post), бил создаден мнозинскиот изборен модел со два круга. 3.2. ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ДВА КРУГА(TWO-ROUND SYSTEM) Мнозинскиот изборен модел со два круга својот развој го забележу ва во XX век како обид да се зачуваат предностите на мнозинските изборни модели, но и да се елиминираат слабостите на мнозинскиот изборен модел со еден круг. Станува збор за изборен модел кој пред видува организирање втор круг на гласање доколку ниту еден кан дидат во првиот круг не го освои потребниот процент на гласови, кој обично се поврзува за освојување на мнозинство(50%+ 1) гласови. 50 50 Richard W. Soudriette and Andrew Ellis,„A Global Snapshot“, in Electoral System and Democracy, ed. Larry Diamond and Marc F. Plattner(Baltimore: The Johns Hopkins University Press, 2006), 17. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Мнозинскиот изборен модел со два круга предвидува организирање втор круг на гласање доколку ниту еден кандидат во првиот круг не го освои потребниот процент на гласови, кој обично се поврзува за освојување на мнозинство(50% + 1) гласови.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten