376 ГЛАВА 10 ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ СИСТЕМИ КЛУЧНИ ПОЕНТИ Мнозинскиот изборен модел со алтернативен глас е организиран во еден изборен круг во кој се гласа за кандидат во едномандатни изборни единици, но избирачите при гласањето треба со рангирање да ги подредат кандидатите на избирачкото ливче. 3.3. ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО АЛТЕРНАТИВЕН ГЛАС(ALTERNATIVE VOTE) Со цел да се зачуваат општите предности на мнозинските изборни мо дели, а да се избегнат слабостите кои се поврзуваат со организирање и на втор изборен круг, теоретичарите кои ги поддржуваат мнозин ските изборни модели го создале мнозинскиот изборен модел со ал тернативен глас. Станува збор за изборен модел организиран во еден изборен круг во кој се гласа за кандидат во едномандатни изборни единици , но избирачите при гласањето треба со рангирање да ги подредат кандидатите на избирачкото ливче . Така, наместо со за окружување на бројот пред името и презимето на нивниот кандидат, во моделот со алтернативен глас избирачите треба да ги подредат кандидатите преку впишување на: број 1 пред името и презимето на нивниот омилен кандидат; број 2 пред името и презимето на нивниот втор избор; број 3 пред името и презимето на нивниот трет избор, итн. Со впишување на бројки од 1 до 4 подредете ги кандидатите според вашата преференца. Упатство за гласање: Во првата колона обележете го вашиот прв избор, во втората колона обележете го вашиот втор избор, во третата колона обележете го вашиот трет избор и во четвртата колона обележете го вашиот четврти избор 1 Мартин Мартиновски 3 Ивана Ивановска 4 Јован Јовановски 2 Нина Ниновска Мартин Мартиновски Ивана Ивановска Јован Јовановски Нина Ниновска Слика 12. типови на гласачки ливчиња може да се сретнат при користење на мнозинскиот изборен модел со алтернативен глас, но кај сите нив избирачите треба со рангирање да ги подредат кандидатите на избирачкото ливче. Често ваквиот изборен модел се нарекува систем на преферен цијално гласање бидејќи избирачите преку впишување на 1, 2, 3, итн., пред името и презимето на кандидатите, всушност, имаат можност да истакнат кој кандидат од избирачкото ливче е нивна прва, втора, трета преференција, итн. Првично, улога во определувањето на победникот во изборната еди ница имаат првите преференции. По завршувањето на гласањето
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten