380 ГЛАВА 10 ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ СИСТЕМИ АВТОРИ Морис Диверже /Maurice Duverger/ (1917-2014) е роден во Франција. Станува збор за француски социолог и политиколог. Бил еден од основачите на Факултетот за политички науки во Бордо, Франција. Подоцна станал професор и на Универзитетот во Париз, Сорбона, каде што е прогласен и за професор-емиритус. Во текот на својата кариера го анализирал компаративно функционирањето на политичките системи и еволуцијата на политичките институции. Најпознат е по креирањето на Законот на Диверже. Автор е на голем број книги во областа на политичките науки и правото. Посебно треба да се истакне книгата„Политички партии – нивната организација и активности во модерните општества“(1951). Бил и пратеник во рамките на Европскиот парламент(1989-1994). итн. Тоа значи дека и кандидатите кои имаат мала можност да по бедат, може да бидат важни во одлучувањето на победникот. 59 Тоа придонесува кон развој на поумерени политичари бидејќи кандида тите и политичките партии треба да се трудат да ги привлечат и из бирачите на останатите кандидати, а не само своите поддржувачи. Сепак, треба да се има предвид дека мнозинскиот изборен модел со алтернативен глас не е едноставен за разбирање и спроведување бидејќи избирачите треба да ги подредуваат кандидатите. Покрај овие предности и слабости, и овој модел, како и останатите мнозин ски изборни модели, има определени општи предности и слабости кои се поврзуваат со мнозинските изборни модели. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Законот на Диверже: мнозинските изборни модели придонесуваат за креирање на двопартиски системи, додека, пак, пропорционалните изборни модели придонесуваат за креирање на повеќепартиски системи. 3.4. НА МНОЗИНСКИТЕ ИЗБОРНИ МОДЕЛИ Мнозинските изборни модели најчесто се поврзуваат со мнозински от модел на демократија и со познатиот принцип дека победникот го зема целиот плен(winner-take-all). Во таа насока, Морис Диверже го создал познатиот„закон на Диверже“, според кој мнозинските изборни модели го намалуваат бројот на политички партии во по литичкиот систем. 60 Со тоа, мнозинските изборни модели ги награ дуваат големите политички партии и влијаат врз воспоставувањето на двопартиски системи во кои малите политички партии многу тешко може да обезбедат место во парламентите. Теоретичарите, кои ги поддржуваат мнозинските изборни модели, сметаат дека 59 Reynolds, Reilly and Ellis, Electoral System Design: The New International IDEA Handbook, 49. 60 Matthew Soberg Shugart,„Comparative Electoral Systems Research: The Maturation of a Field and New Challenges Ahead“, In The Politics of Electoral Systems, ed. Michael Gallagher and Paul Mitchell(New York: Oxford University Press, 2005), 30.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten