384 ГЛАВА 10 ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ СИСТЕМИ Во таа насока, може да се заклучи дека мнозинските изборни мо дели се преферираат заради обезбедување на стабилни политички институции, елиминирање на радикални политики и обезбедување на отчетни, одговорни и посветени претставници. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Слабостите на мнозинскиот изборен модел се поврзуваат со: клиентелизам, застапување на парцијалните (локалните) интереси на своите избирачи, голем број на пропаднати/изгубени гласови, опасност од gerrymandering (џеримандеринг), создавање на регионални феуди, креирање на нереална слика за расположението на граѓаните, создавање на нерепрезентативни парламенти, како и необезбедување на фер шанса за сите политички партии. 3.5. СЛАБОСТИ НА МНОЗИНСКИТЕ ИЗБОРНИ МОДЕЛИ Често, во политичката наука може да се сретне ставот дека предно стите на еден изборен модел, воедно, се и негова слабост. Прво, критичарите на мнозинските изборни модели ги критикува ат ваквите модели сметајќи дека придонесуваат кон создавање на премногу стабилни влади . Таквите премногу стабилни влади мно гу лесно може да станат неодговорни влади имајќи предвид дека во ваквите системи законодавната власт често е подредена на из вршната власт. Тоа е така бидејќи сите пратеници кои го креираат парламентарното мнозинство, воедно, припаѓаат на партијата која е на власт. 69 Затоа, при примена на мнозинските изборни модели се губи чувството дека законодавната власт ја контролира работата на извршната власт, а дополнително, многу ретко доаѓа до изгласу вање на недоверба на владите бидејќи, за да биде изгласана таква недоверба, потребно е за неа да гласаат и пратеници кои потекнува ат од партијата која е на власт. Второ, обично мнозинските изборни модели придонесуваат кон подем на клиентелизам, патронажна политика, нудење услуги, поткупи и други коруптивни дејства . Тоа што овие изборни моде ли се применуваат во едномандатни изборни единици, кога и еден глас може да биде клучен за победа и можноста за непосреден кон такт меѓу избирачите и кандидатите, придонесуваат кандидатите при нивната изборна кампања да се впуштат во вакви дејства со цел да придобијат повеќе гласови. 70 69 Heywood, Politics – Fifth Edition, 410. 70 Pippa Norris,„Electoral Systems and Electoral Integrity“, in The Oxford Handbook of Electoral Systems, ed. Erik S. Herron, Robert J. Pekkanen and Matthew S. Shugart(Oxford: Oxford University Press, 2018), 500.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten