Druckschrift 
Vlijanieto na Kovid-19 vrz nisko platenite i trudointenzivni granki
Einzelbild herunterladen
 

АНАЛИЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ Евидентно зголемување на бројот на откази за време на вонредната состојба, со регистрирани 626 откази од работа, и над 900 пријавени случаи на работа за време на карантин и полициски час. Многу мерки донесени од страна на Владата за осло­бодување од работа на вработени со хронични заболувања, бремени жени и родители на деца до 10 години, не беа испочитува­ни од некои работодавачи. Кристина Ампева, Никола Поповски, Донче Стаменков, Силвија Костовска Редакција: Ивана Вучкова Октомври, 2020 Мерка на Владата за поддршка на околу 120.000 вработени во приватниот сектор од околу 20.000 компании, во вредност од 79,5 милиони евра од буџетот на државата. Ова и дава можност и обврска на Владата да влијае врз начинот на стопанисување, што пред се значи почиту­вање и гаранција на работ­ничките права од страна на работодавачите.