Druckschrift 
Kako da sozdadete i dizajnirate uspešna sodržina na socijalnite mediumi
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

4 Фондација Фридрих Еберт Канцеларија Скопје ПРОГРЕС Институт за социјална демократија 1. Како социјалните медиуми влијаат врз подигањето на јавната свест Подигањето на јавната свест е основна компонента и претпоставка на секоја активност на општествените чинители. Независно дали говориме за локалната или централната власт, компаниите, граѓанскиот сектор... па се до дипломатско ­конзуларните претставништва. Подигањето на јавната свест е императив на секое демократско општество. Демократизацијата, социјалната инклузија, граѓанските права и слободи имаат потреба да бидат континуирано унапредувани и надоградувани. Само со почитување и следење на овие принципи може да дојде до напредок и развој во национални и глобални рамки. Во 21 век, со се поголемата компјутеризација и користење на интернетот, а особено со појавата на ерата на социјалните медиуми светот доби неверојатно моќна и брза алатка со која може да се придонесе за подигање на јавната свест. Денес информацијата патува речиси со брзината на светлината, а огромен број од луѓето располагаат и користат свој личен медиум преку кој можат да споделат информации со целиот свет. Преку социјалните медиуми, граѓаните вршат влијание врз носењето на одлуките и легислативите од страна властите, ги модерираат активностите на граѓанскиот сектор, но и ги обликуваат и менуваат услугите и производите кои ги носат компаниите. Секоја вест или информација може лесно да се провери, но и истовремено со нејзиното објавување секој граѓанин кој користи интернет може истата да ја оцени, даде свое мислење или, пак, да ја дементира или потврди. Порано, организациите можеа да допрат до граѓаните преку масс медиумите, публикациите или со ширење на пораката уста на уста. На една порака и беше потребно денови или недели за да го обиколи светот, а постоеја и механизми како истата да се цензурира или пренесе делумно. Денес информацијата стигнува насекаде за неколку минути или часови, а граѓаните во истото време можат да дадат повратна информација и свое мислиње по однос на неа .