Druckschrift 
Kako da sozdadete i dizajnirate uspešna sodržina na socijalnite mediumi
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

24 Фондација Фридрих Еберт Канцеларија Скопје ПРОГРЕС Институт за социјална демократија 1. Колку е потребна политичката кампања на Facebook? Брзиот развој на информатичко ­комуникациските технологии целосно го променија начинот на размена на информации меѓу луѓето . Пред помалку од еден век на една информација ѝ беа потребни денови, а понекогаш и месеци, за да стигне од еден до друг континент. Денес, времето што ѝ е потребно на информацијата да го заобиколи целиот свет се мери во минути, а понекогаш и во секунди. Појавата и развојот на глобалната светска комуникациска мрежа наречена Интернет е главниотвиновник за ваквата револуционерна промена во брзината на комуницирањето. Интернетот каков што го познаваме денес целосно ја промени философијата на комуницирањето. Огромен квантум информации секојдневно го обиколуваат светот правејќи го поединецот истовремено и примател и испраќач на пораките, а Интернетот ­исклучително моќен канал во комуникацискиот процес. Денес, Интернетот е дел од секојдневието на околу 40 % од светската популација. Според последните статистички истражувања на Меѓународната телекомуникациска унија 1 до крајот на 20 13 година бројот на Интернет ­корисниците во светот изнесува 2,7 милијарди што претставува 39% од светската популација. Според проценките на оваа меѓународна институција бројот на Интернет ­корисниците во светот до крајот на 20 14 година ќе достигне неполни 3 милијарди 2 . Две третини од нив припаѓаат на корисниците од земјите во развој. Интересен е и податокот дека за 5 години бројот на Интернет ­корисниците во овие земји пораснал двојно, од 974 милиони во 2009 година на 1,9 милијарди во 2014 година. Интернет пенетрацијата во Европа до крајот на 2014 година се проценува дека ќе надмине 75% од населението, односно 3 од 4 жители на европскиот континент користат Интернет . 1 International Telecommunication Union Web Site.The World in 2013- ICT Facts and Figures. International Telecommunication Union, 2013. http://www.itu.int/en/ITU-D/Statistics/Documents/facts/ICTFactsFigures2013-e.pdf, Geneva, February 2013. 2 International Telecommunication Union Web Site.The World in 2014- ICT Facts and Figures. International Telecommunication Union, 2014. http://www.itu.int/en/ITU-D/Statistics/Documents/facts/ICTFactsFigures2014-e.pdf, Geneva, April 2014.