1. Глобализација – Мисли глобално, припаѓај регионално, дејствувај локално Глобализацијата е современ процес на 21. век, кој подразбира глобална поврзаност на светските економии и нивно зајакнување со трговската либерализација, на државите и на луѓето, процес кој влијае врз сите сфери на работата и живеењето. Глобализацијата особено зема замав од крајот на минатиот век и неговата популарна синтагма:„Мисли глобално, припаѓај регионално, дејствувај локално“, е основа за одржлив економски развој и искоренување на сиромаштијата, што претставува универзална цел на човештвото. За производителите, потрошувачите, општеството, глобализацијата претставува силен предизвик во изнаоѓањето вистински и траен начин како да се избере и да се создаде ефикасен систем за примена на глобалните процеси. Глобализацијата и поврзаноста на економиите на државите ги разви до невидени размери потенцијалите за соработка и за раздвижување на економските процеси во светски рамки. Сè повеќе држави се отвораат кон светскиот пазар и укажуваат доверба на демократијата и пазарната економија. За ефектите од глобализацијата: а) глобалистите се убедени дека се позитивни за човештвото(информатиката; нови материјали, опрема и средства од хемиските супстанци, со кои се влијае врз: заштитата на здравјето на луѓето преку фармацеутските производи; биоинженерингот, генетиката, стандарди за квалитетно производство и ефикасно користење на ресурсите, итн.); б) антиглобалистите сметаат дека богатите и натаму се збогатуваат и тие ги воспоставуваат правилата и се моќни, а јазот меѓу богатите и сиромашните сè повеќе се зголемува; в) глобалните реалисти сметаат дека глобализацијата има и позитивни и негативни ефекти. Синдикатите укажуваат дека социјалните прашања се клучни за раст и развој на секоја економија. Невработеноста, ниските плати, опаѓањето на животниот стандард, алармираат на потребата од синхронизирано дејствување на државите и надлежните меѓународни институции во креирањето на мерки и политики во барањето решенија за социјалните проблеми и случаи. Синдикатите укажуваат и на опасноста од социјален дампинг, или ценовна дискриминација меѓу различните национални економии – продажба на странски пазар по цени пониски од оние на домашниот пазар 16 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten