Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

создавање на интегрален пакет на мерки за вработување на младите да се синхронизираат напорите на локалните заедници, работодавачите и образовните институции. Спроведуваат активности за зачленување во синдикат на вработените во компаниите со доминантен странски капитал, во интерес на заштитата на нивните права од работен однос согласно за­коните од областа на трудот. 2. Општествени, политички и економски промени во Република Македонија Во осумдесеттите години на минатиот век, во Република Македонија, која беше федерална единка во поранешна Југославија, започна процес на промени во севкупното живеење. Овој процес се остваруваше во исклу­чително неповолни услови и оправдани стравувања дека истиот ќе трае долго, со социјални потреси и тензии и револт на работниците и граѓаните, што сериозно влијаеше врз состојбите во државата на економско-соција­лен и безбедносен план. Транзицијата не се однесуваше само на претпријатијата со општествен капитал, туку и на потребата од интензивен развој и демократизација на општествено-политичкиот систем. Република Македонија започна да се гради како социјална, правна и демократска држава, за што беше нужно: да се развива современа демократска култура и парламентарна повеќе­партиска демократија, со доследно остварување на уставната функција на законодавната, извршната и судската власт; да се спроведуваат слободни избори од интерес за граѓаните; да се почитуваат индивидуалните и колек­тивни човекови и граѓански права(признати во меѓународната заедница), посебно на синдикалните права и слободи; да се уреди систем на прав­но-политички демократски институции кои ќе му овозможат на синдика­тот и на граѓанскиот сектор реално да учествува во креирањето и реализи­рањето на политиката на микро и макро план; партиципација на граѓаните во процесите на одлучување во политиката и економијата. Трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал, воведу­вањето на пазарен начин на стопанисување, губењето на традиционални­те пазари од регионот, во Република Македонија доведе до: стопанска и инвестициона стагнација, висока невработеност, пораст на неликвидно­ста, ниска акумулација, висока каматна оптовареност, големи загуби, не­редовна исплата на платите, итн. Овие состојби драстично се влошија и заради експлозивната инфлација, која ги обезвреднуваше постигнатите резултати во работењето, растеа цените на егзистенцијалните производи, комуналните и други услуги, опаѓаше животниот стандард, се блокираше 18 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)